Реклама
Холивуд

Принцот Хари со скинати чевли се појави како кум на венчавката на својот пријател од детството

Реклама

Принцот Хари покажа дека има дупка на чевлите, а Меган не можеше да сокрие што носи под фустанот

Принцот Хари минатиот викенд беше кум на својот пријател од детството, а на фотографиите од свечената церемонија многумина го забележаа неговиот моден пропуст. Во прашање е венчавката на Чарли вон Строубенг и Дејзи Џенкис во селото Френшман во британската покраина Сари на која принцот како кум одржа говор опкружен со многу шарени балони, а оние што внимателно ги проследија фотографиите од венчавката забележаа дека има значителна дупка на неговиот лев чевел.

Маркетинг

Модниот пропуст на принцот го ублажи Меган Маркл која на церемонијата се појави во преубав „color block“ фустан од брендот „Club Monaco“. Таа на венчавката воедно го прослави и својот 37 роденден, а додека и мавташе на воодушевената публика во еден момент едно од копчињата на фустанот и откажаа послушност и го покажаа црниот градник од тантела што поранешната актерка го носеше под фустанот.

Маркетинг

Меган иако реагираше брзо, многумина на социјалните мрежи коментираа дека новопечената војвотка од Сасекс повторно намерно го крши кралскиот протокол, иако таков моден гаф може на секому да му се случи.

 

Поврзано

Back to top button