Холивуд

И принцот Хари скокна во тавче – причината поради која ја прекрши кралската традиција и клекна пред Меган ќе ве разнежи

Advertisement

 Принцот Хари (32) со неговата девојка е повеќе од една година.

Advertisement

Но, тој клекна пред 4 години постарата актерка и ја прекрши традицијата.

И додека една од поранешните девојки на принцот Хари, Кресида Бонас, неодамна откри дека нејзината врска со него била сé само не бајка, по се изгледа дека врската со познатата холивудска актерка Меган Маркл е сосема друга приказна.

Имено, принцот со новата девојка го прекрши кралското правило дека свршувачката треба следува дури по две години врска. Но покај љубовта кон неа, причината што порано рипна во тавче според медиумите се крие и во тоа што неговиот дедо, принцот Филип има 96 години, па Хари сакал тој да може да го види и другиот внук пред олтарот пред да умре.

Хари наводно клекнал за време на нивниот одмор во африканската Боцвана, но актерката наместо прстен добила нараквица. Прстенот кој вреди 100.000 фунти и кој е направен од накитот на неговата трагично загината мајка, принцезата Дајана, сепак, останува да заблеска на нејзините раце нешто подоцна, кога строгата баба, кралицата Елизабета II ќе ја одобри нивната свршувачка. Но се шушка дека кралицата веќе одамна дала зелено светло нејзиниот внук да се скраси со Меган. Официјалната објава за нивната свршувачка се очекува во септември, а убавата Меган многумина веќе ја споредуваат со принцезата Грејс Кели која исто така беше холивудска актерка пред да се омажи за принцот на Монако, Реиние III од династијата Грималди.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button