Спектакуларна забава на магазинот Азра во Сараево.
На забавата се појавија бројни ѕвезди од регионот, но и познатата ИТ девојка Хана Хаџиавдагиќ Табаковиќ во крајно провокативен фустан. Таа на забавата се појави во гола креација која изгледа провокативно од секој агол, па дури и кога го покажа задниот дел.
Ваквите провокативни фустани се едни од најпопуларните на светската јавна сцена. Меѓу првите ги носеше пејачката Шер, а потоа на црвениот килим ги промовираше Џенифер Лопез, Бијонсе, Ким Кардашијан…
Трикот е да оставите впечаток дека носите гола облека, а всушност ништо не се гледа. Хана која по потекло е од Босна и Херцеговина, а живее во Хрватска беше една од најпровокативните на забавата. Таа на својот Инстаграм профил кој има преку 170 илјади следбеници често знае да го сподели и хаштагот #DušmaniŠicŠic.
Па, што мислите, зошто го прави тоа?