Халид Бешлиќ итно хоспитализиран – еве во каква состојба е и со што се бори
Поради нарушеното здравје, пејачот неодамна беше приморан да го откаже закажаниот концерт во Градачац.

Познатиот пејач Халид Бешлиќ е итно примен во Клиничкиот центар при Универзитетот во Сараево, каде што, според босанските медиуми, се наоѓа на одделението за нефрологија.
Бешлиќ со години се соочува со здравствени предизвици, особено по тешката сообраќајна несреќа во 2009 година, по која е под постојана медицинска нега.
Поради нарушеното здравје, пејачот неодамна беше приморан да го откаже закажаниот концерт во Градачац.
Најдраматичниот момент во животот на Бешлиќ беше тешката сообраќајна несреќа во Сараево, по која долго време се бореше за својот живот. Повредите беа сериозни, особено на лицето и главата, и бараа бројни хируршки интервенции. Рехабилитацијата беше долга и болна, но неговата упорност му овозможи повторно да се врати на сцената.
Проблеми со видот и очите
Освен несреќата, Бешлиќ со години се соочува и со проблеми со видот. Лекарите мораа да интервенираат со неколку операции на очите, а пејачот често зборува дека ова е едно од најголемите ограничувања со кои се бори. Сепак, и покрај слабеењето на видот, тој не се откажа од настапите и патувањата во изминатите години.
Срцеви и други здравствени компликации
Со текот на времето, на пејачот му се појавија и срцеви проблеми кои бараа лекарска грижа и внимателен надзор. Познато е дека Бешлиќ морал да води построга грижа за своето здравје, да внимава на исхраната поради дијабетесот и да ги намали напорите на сцената.
Халид се соочувал и со други хронични состојби кои бараат редовни медицински контроли, меѓу кои проблеми со шеќерот и висок крвен притисок. Во јавноста неколку пати беше објавено дека имал здравствени кризи, но секогаш успеваше да закрепне.
Се уште не е јасно зошто популарниот пејач е сега хоспитализиран токму на одделот за нефрологија.