Најубавите чевли од комерцијалните брендови
Погледнете ги моделите на кои НЕ можеме да им одолееме!
Познатата реченица на Мерилин Монро „дајте ми чевли со високи потпетици и јас ќе го освојам светот“ дефинитивно важи за овие модели. Станува збор за чевли со високи потпетици кои можете да ги најдете во продавниците на нашите омилени комерцијални брендови кои никогаш не изгледале подобро и полуксузно и кои многу потсетуваат на скапите дизајнерски модели. Единствената разлика е што за нив не треба да потрошите една или две плати, а ќе можете да ги носите во потполно идентични комбинации. Оваа сезона посебно се цени минимализмот, па кога ги барате вашите ИТ чевли водете се од правилото „помалку е повеќе“. Од сандалите и балетанките, па се до патиките и салонките, ако се прошетате низ продавниците ќе видите дека хај-стрит брендовите многу добро знаат што е ИН и што е она што ни треба за оваа сезона. Ние ви предлагаме да вложите во еден пар сандали со кои многу лесно ќе се трансформираат од софистицирано и елегантно дневно издание во ИТ кралица на лудите летни забави, но не треба да заборавите и на папучите (па и патиките) кои оваа сезона можете да ги носите како во дневни, така и во вечерни изданија. Отворете ја галеријата и погледнете ги моделите кои дефинитивно би сакале да ги имаме во плакарите.
Премини на следната страна >>