Кога можат грозните сандали што сите ги носевме во поранешна Југославија да бидат хит, зошто да НЕ можат и гумењарките?
Каде плови оваа наша луда планета
Пластични сандали какви што носевме во 80-тите и 90-тите години од минатиот век кога одевме на море со родителите се враќаат на голема врата и во гламурозен стил. Имено, пластичните сандали добија своја „high end“ верзија со потписот на познатата италијанска модна куќа „Gucci“ така што моделот за кој веруваме дека на многумина им е омразен ова лето ќе биде вистински хит. Познатиот италијански бренд ги претстави како главен тренд за оваа година и верувале или не – се продаваат по цена од 460 до 545 долари во зависност од бојата и потенцијалните детали на нив.
Новите сандали од „Gucci“ несомнено многу потсетуваат на нам добро познатиот модел што во поранешна Југославија го произведуваше Југопластика, а единствената разлика е што овие се украсени со препознатливото лого на брендот како и кичеста глава на тигар на десната сандала.
На социјалните мрежи можевме да видиме дека многумина се сеќаваат на старите модели, па се пошегуваа со овој поприлично дискутабилен тренд, а некои дури и коментираа дека кога може Гучи да ги продава сандалите кои беа хит на Јадранското море пред 30 години, тогаш зоштод а не се обидеме и ние да ги продаваме легендарните гумени влечки од Чик Куманово.
Овие нашите барем беа со доживотна гаранција!