Реклама
Парфеми

GUCCI BAMBOO – нов мирис за модерни дами

Реклама

Парфем кој мириса на .. совршена и беспрекорна жена!

Бамбусот како растение можеби не е познат по неговиот мирис, но тој е карактеристичен по неговиот дизајн и препознатлив по цврстината.

Маркетинг

Овој уникатен материјал од страна на  Gucci беше користен уште во дамнешната 1947 година за креирање на Gucci Bamboo чантите кога мајсторите за време на процесот на греење креирале свиткана рачка од бамбус која е карактеристична за брендот. Денес бамбусот може да го сретнете на нивните часовници, накит и облека, а од оваа сезона за прв пат можеме да го сретнеме и во колекција за парфеми. Станува збор за парфемот  Gucci Bamboo кој е совршена за модерната Гучи жена која ги поседува истите карактеристики како и бамбусот. Таа е витка, издржлива, прави совршен биланс помеѓу нејзината сила, женственост и самодоверба и изгледа беспрекорно впрочем како и самото шишенце кое е во облик на дијамант со розеникава пудра боја на течноста која одлично го заокружува сите карактеристики на парфемот.

Маркетинг

Главна ѕвезда во кампањата за овој парфем е Гал Гадот, манекенка и актерка која во 2004 ја освои титулата Мис на Израел и која јавноста ја знае по нејзината улога во Wonder Woman и како ѕвезда од франшизата на Fast & Furious.

Кампањата е проследена и со видео во режија на култниот француски режисер Фабијен Барон, а во него е претставена модерната и неодолива Gucci дама.

{youtube}cN7gcNXhf8k{/youtube}

 Па, зарем ова не е совршен парфем за вас?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button