Реклама
Блог

Нашето барање ГТЦ да добие градина на покривот конечно се оствари!

Реклама

ГТЦ конечно ќе добие градина на покривот!

Откако неколку пати јавно побаравме од надлежните да размислат и наместо барокна фасада, на покривот на ГТЦ да изградат зелена површина, директорот на ГТЦ Ѓоко Трајчевски соопшти дека следната година се планира да се изработи проект и идејно решение со кое покривот на трговскиот ќе стане градина како една од мерките за загадувањето на градот и заживувањето на ГТЦ. Покрај ова директорот најави дека заедно со раководството ќе ја вратат и автобуската станица во трговскиот и со ова да им се помогне на дуќанџиите кои кубурат и немаат никаква работа откако постројката е преместена спроти поранешна Градска болница. Ние како медиум прв пат упативме апел за време на протестот „Го сакам ГТЦ“ кога го објавивме текстот „Го сакаме ГТЦ, но со парк и зелена површина на покривот“, во кој само се навраќаме на старата идеја која постои од самиот почеток на проектот на Живко Поповски уште додека се градел трговскиот, а тоа е површината на покривот да биде искористена за градина (скалите што водат до горе, кои во моментот не се во употреба, се токму за таа намена!). Истото ова го побаравме и пред неколку недели кога преку отворено писмо до Шилегов ја предложивме оваа идеја како една од мерките за зелено Скопје против загадувањето. Покрај ова побаравме и самиот парк, односно градината да биде изградена во чест на генијалниот Кензо Танге, во пакет со модернизација на самиот простор, но и да биде симбол во центарот на Скопје кој во иднина ќе не потсетува дека мораме да имаме посебен однос кон природата. Во спротивно, поради немарност и негрижа, ќе се соочиме со страшни последици впрочем како што и сега ни се случува со воздухот.

Маркетинг

Време е ова сивило да го обоиме во зелено >>

Маркетинг

Ваквите ботанички градини кои се градат на покривите покрај тоа што се одлични како термо изолација со што се штеди енергија, тие и ja разубавуваат средината и што е најважно во овој момент – влијаат и за прочистување на воздухот.

Отворено писмо до господинот Шилегов: направете зелени површини од паркинзите во центар, но и на кровот на ГТЦ >>

Па, големо БРАВО за ова решение …

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button