Бивша манекенка на Викторија Сикрет која живее во Њујорк, заедно со нејзиното семејство, биле киднапирани под закана со оружје и задржани во колиба во Бразил, додека полицијата ги бара лицата одговорни за овој криминал.
View this post on Instagram
Маркетинг
Луција Кертис, нејзиниот сопруг и нивната 11-годишна ќерка биле киднапирани од маскирани мажи додека излегувале од ресторан во Алто да Лапа, луксузен кварт во западната зона на Сао Паоло. Тие биле однесени во колиба во рурална област во државата Сао Паоло и биле задржани 12 часа.
Групата криминалци префрлила пари од манекенката на банкарски сметки на други лица поврзани со криминална организација, но и го украле автомобилот на парот, GWM Haval, вреден повеќе од 33.000 долари. Украдените износи сè уште не се вратени на манекенката (47) и на нејзиниот сопруг, фотографот Хенрике Жендр (53).
View this post on Instagram
Постарата ќерка ја алармирала полицијата кога семејството не се вратило од ресторант, и полицијата веднаш реагирала. Меѓутоа, бандата веќе ги ослободила родителите и девојчето околу 10:30 часот во четвртокот.