Реклама
Шминка

5 Грешки при шминкањето што прават да изгледате како воопшто да не сте спиеле претходната ноќ

Реклама

„Леле, навистина изгледаш уморно!“ никогаш не е забавно да се слушне.

 

Маркетинг

Но, доколку добро сте се одмориле, тогаш тоа е вашата рутина за шминкање која ве спречува да изгледате најдобро што може. Но, не секирајте се, овие корекции лесно се изведуваат и сигурно ќе го оживеат вашиот сјај.

Грешка # 1: Не почнувајте со хидратантна крема.

Маркетинг

Ако имате сува кожа, еве што е добро да направите.

Корекција: Изберете хидратантна крема со додаден СПФ (фактор за заштита од сонцето). Тоа не само што ја враќа многу потребната хидратација назад во кожата, туку, исто така, ќе ве заштити од сонцето, кое – изненадување! – исто така ја старее кожата.

Грешка # 2: Погрешно ја нанесувате основата.

Да се стави премногу, да не се стави воопшто, или да се има боја која не одговара на тонот на вашата кожа се големи не-не. Зошто? Ако се прескокне целосно, а сепак ставате друга шминка (како маскара), тогаш кожата може да изгледа измиена, односно избелена. А, пак, дебел слој основа (дури и во форма на пудра) може да распука и на тој начин брчките и другите недостатоци да изгледаат многу полошо.

Корекција: Најдете боја која најдобро ви одговара и нанесета ја рамномерно. Ако се мачите да најдете соодветна, едноставно ставете малку на краевите на устата или на раката – и двата начина ќе ви помогнат да најдете нијанска која најдобро ќе ѝ одговара на вашата кожа.

Грешка # 3: Сте заборавиле на руменилото.

Недостаток на боја е еднакво на кожа без сјај и без живост.

Корекција: Ако воопшто ставата било каква шминка воопшто, држете се до хидратантната крема, лесна основа, малку маскара и малку руменило. Најдобро е да ставите руменило на места на кои и нормално би се зацрвенеле: малку насмевнете се и ставете руменило на истакнатиот дел од јаболчниците на образите. Ќе изгледате будни и освежени за миг.

Грешка # 4: Сте претерале со eyeliner-от.

Ако ставите премногу, очите може да изгледаат помали и поуморни. Плус, длабок, црн eyeliner може уште повеќе да ги истакне зацрвенетите очи ако, всушност, навистина не сте наспани.

Корекција: Земете в предвид да исцртате линија под долниот капак со моливче со малку посветла боја (изберете моливче кое е за нијанса потемно од тонот на вашата коже) за да ги отворите очите. Дури и нанесување на малку бела сенка со четчкика може да направи да изгледате посвежи.

Грешка # 5: Не сте се освежиле во текот на денот.

Размачкан eyeliner или нерамномерен кармин? Запуштеното лице вреска за помош.

Корекција: Брзо пред огледало (30 секунди е сѐ што ви треба) да ги отстраните сите црни дамки под очите, да ставите малку коректор на проблематичните места и да ги исчеткате веѓите. Тоа е совршена инекција за убавина.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button