Реклама
Секс

Ако сакате добар секс овие три грешки никако не смеете да ги правите

Реклама

Најдобро е кога овие грешки ќе ги избегнете. По секоја цена!

Сексот е добар само кога и двајцата партнери ќе влезат во љубовната игра со подеднаков жар, но ако било кој од нив направи една од овие неколку грешки, другиот не само што нема да се чувствува убаво, туку и самиот секс ќе биде лош.

Маркетинг

Недостаток на иницијатива

Маркетинг

Ова е првиот грев бидејќи само да лежите и чекате вашиот партнер да добие желба и се’ да направи сам и не е баш нешто што би можеле да го карактеризираме како добар секс. Затоа кога ќе посакате да водите љубов, покажете му го тоа на партнерот јасно и гласно, без да се правите бајага, па така и другата страна ќе ви возврати на истиот начин.

Незнаење

Да се разбереме, незнаењето не е исто со неискуството, а ако не си го познавате сопственото тело, тука настануваат вистинските проблеми. Значи, ако се уште не сте се обиделе да се задоволите самите себе, задолжително направете го тоа бидејќи само на тој начин и на својот партнер ќе можете да му објасните што е она што ви одговара најмногу.

Страв од експериментирање

Оваа грешка може да биде и разумна, но само во случаи во кои едниот партнер бара нешто навистина екстремно. Нежните игри кои не понижуваат никого треба да бидат прифатени, па дури и кога станува збор за нешто банално како што е облекување на униформа или корсет. Како и да е, кога вашиот партнер ќе побара нешто од вас, потсетете се на вашите еротски фантазии и побарајте и вие нешто интересно и пикантно од него.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button