Поради одредени секојдневни навики, вашите нокти може да изгледаат лошо и да ослабат.
Поради одредени секојдневни навики, вашите нокти може да изгледаат лошо и да ослабат. Во продолжение погледнете кои се најчестите грешки кои ги прават дамите со ноктите.
1. Гризење на ноктите
Сите маникир експерите се согласуваат со едно: Најлоша навика за вашите нокти е нивното гризење. Со тоа ноктите стануваат деформирани, создаваат заноктици и се проследени со воспаление и крвавење.
2. Пречесто користење гел
Многу жени сакаат гел маникир, затоа што е подолготраен, но исто така признаваат дека после долг период на користење гел, ноктите стануваат премногу слаби. Најголем проблем на овој тип маникир е отстранувањето на гелот. За да успеете да го отстраните, нотките прво мора да ги премачкате со отстранувач на лак, со додаток на ацетон. Поради тоа тие се сушат и стануваат кревки.
3. Не го отстранувате лакот навремено
Токму и како во случајот со гелот, ноктите мора да се одморат и од лакирање. Не заборавајте дека лакот ги спречува ноктите да „дишат“, па поради тоа тие стануваат суви. Ако предолго го оставате на ноктите, ќе забележите бели дамки кои се резултат на сувоста.
4. Цигари
Пушењето е нездрава навика која лошо влијае на состојбата на целиот организам и телото, а од ова не се исклучок ниту ноктите. Поради катранот и никотинот во цигарите, ноктите стануваат жолти, пукаат и се виткаат. Кожата околу нив станува сува и склона на пукање, што често доведува до проблеми со заноктиците и крвавење.