Секоја жена знае дека добрата фризура е важна за да се остави добар впечаток. Но, некои грешки кои можеби и вие ги правите ви додаваат некоја година плус. Еве на што треба да внимавате.
1. Ја пуштате косата да ви биде предолга
Во тоа фризерите се едногласни: Жените кои не се шишаат доволно често и редовно, не изгледаат толку привлечно. Експерите препорачуваат да посетувате фризер на секои седум недели.
2. Застарена фризура
Старомоден начин на шишање, претерување со лак за коса, неприроден изглед… Сето ова може да направи да изгледате постари отколку што сте.
3. Не ја сушите косата на правилен начин
Неправилно фенираната коса изгледа неуредно, а врвовите изгледаат како расцветани, иако не се. Фенирајте се правилно и имајте малку повеќе трпение.
4. Избледена и стара боја за коса
Одржувањето на косата е нешто нужно, затоа што никој не изгледа добро со неуредна боја за коса и без сјај. Ако немате време често да посетувате фризер, научете како самите да си помогнете во домашни услови.