Шминка

Најголемата грешка при шминкањето која ја прават многу жени и поради која изгледаат постари

Advertisement

Повеќе немате иста фризура како и во средношколските денови, зар не?

Advertisement

Повеќе немате иста фризура како и во средношколските денови, зар не? Исто така, како што стареете, сигурно и вашите навики за шминкање се менуваат. Но, тоа не значи дека треба да вклучите и користење на повеќе производи. Па, дознајте која е најголемата грешка која е виновник за тоа да изгледате постаро.

Имено, се смета дека ставањето премногу шминка, особено пудра, е една од најголемите грешки при шминкањето. Многу жени мислат дека токму пудрата ќе им ги сокрие брчките, а ефектот е сосема спротивен – таа повеќе ги нагласува брчките, а особено навлекува во ситните брчки на лицето и на тој начин ги истакнува.

Запаметете дека најдобар начин за прикривање брчки е користење кремаста течна пудра која ја хидрира кожата, додека камената пудра или пудрата во прав би требало да ја користите сосема малку, особено под очите. За жените кои се во зрелите години и имаат масна кожа, се препорачува користење течна пудра со мат ефект.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button