Грајмс тврди дека нејзиниот син со Илон Маск има тешка болест, а тој ја игнорира – „нашето дете ќе страда од доживотен инвалидитет доколку не ме контактираш што побрзо!“
„Жал ми е што морам да го правам ова јавно, но оваа ситуација повеќе не може да се игнорира и бара итно внимание. Ако не зборуваш со мене самиот ти, те молам назначи или најми некој да го заземе твоето место за да можеме да го решиме ова прашање. Ова е важно, Илон", јавно му се обратил Грајмс на Маск.

Пејачката Грајмс тврди дека нејзиниот син со Илон Маск има тешка болест и инвалидитет, а дека Маск ја игнорира. Според уметницата, ситуацијата може да се влоши ако тој не стапи во контакт и не разговара за проблемот со неа.
Таа не прецизираше за каков проблем зборува или за тоа кој од двата сина на екс-парот има тешка болест.
Грајмс напиша серија објави на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер), која е инаку платформа во сопственост на самиот Маск, но тие подоцна беа избришани.
„Жал ми е што морам да го правам ова јавно, но оваа ситуација повеќе не може да се игнорира и бара итно внимание. Ако не зборуваш со мене самиот ти, те молам назначи или најми некој да го заземе твоето место за да можеме да го решиме ова прашање. Ова е важно, Илон”, јавно му се обратил Грајмс на Маск.
Грајмс рече дека ќе биде принудена да ја вклучи јавноста ако ситуацијата не се промени наскоро. Досега, според неа, Маск не сака да комуницира со неа: не одговара на повици, пораки, мејлови и не доаѓа на состаноци.
„Нема да давам никакви детали, но Маск не одговара на моите пораки. Нашето дете ќе страда од доживотен инвалидитет доколку Маск не контактира со мене што побрзо“, рече таа на социјалните мрежи.

Грајмс и Маск имаат вкупно три деца. Покрај Икс, тие ги имаат и тригодишната ќерка Екса и едноиполгодишниот син Техно, кои се родени од сурогат мајки по разделбата на парот во 2021 година.
Севкупно, Маск е татко на 13 деца (од кои едното починало во детството).
Претходно, само пред неколку дена, таткото на Илон Маск во едно интервју изјави дека неговиот син е виновен за смртта на неговото првороденче, кое починало на 10-месечна возраст, бидејќи малку му обрнувал внимание, за што пишуваше гламур.мк
Според Маск Постариот, Илон бил зафатен и не обрнувал внимание на своето дете, префрлајќи ја грижата за него на дадилките.
„Првото дете помина премногу време со дадилки и умре под грижа на дадилка. Илон ќе ме убие што го кажувам ова, но мислам дека тоа е вистина и дека не е во ред. Тие беа премногу богати, имаа премногу дадилки”, изјави тој за „Wide Awake“.