Вести

Граѓаните возеа велосипеди и исцртаа мустаќ за подигање на свеста за машкото здравје на големиот настан на dm дрогерие маркт

Стотици граѓани во неделата (17 ноември) се собраа во Градскиот парк во Скопје за да ја подигнат свеста за значењето за машкото здравје и возеа велосипеди на настанот „Пуштам БРК, БРКам здравје“ организиран од компанијата dm дрогерие маркт.

Advertisement

Стотици граѓани во неделата (17 ноември) се собраа во Градскиот парк во Скопје за да ја подигнат свеста за значењето за машкото здравје и возеа велосипеди на настанот „Пуштам БРК, БРКам здравје“ организиран од компанијата dm дрогерие маркт. Севкупната активност беше составена од три сегменти: се возеше рута од 100 километри низ Скопје и околината во форма на мустаќ, рута од 3,5 километри низ Градскиот парк и активност пред Школка каде се возеа статични велосипеди.

Церемонијал мајстор на активноста пред Школка беше актерот Игор Ангелов кој ги мотивираше присутните да ги вртат педалите на статичните велосипеди и да го дадат максимумот при исцртувањето на еден голем мустаќ на LED екран.

Advertisement

dm

dm дрогерие маркт за сите присутни без разлика на која активност се вклучуваат подготви подароци.

Воедно, се дегустираа и органски dmBio закуски подготвени од нутриционистот Симона Коруновска, а сите заинтересирани можеа да си ја обликуваат брадата и мустаќите од искусен бербер. За сите присутни беше подготвена и вода и овошје за енергија.

Advertisement

dm

Од компанијата велат дека се особено среќни што втора година по ред се приклучуваат на глобалното движење за подигнување на свеста за машкото здравје – Movember, а сѐ поголемиот одзив на традиционалната велосипедска рута во форма на мустаќ зборува за тоа колку од година во година тие навистина влијаат врз отворањето на оваа табу-тема.

dm

dm ја продолжува својата мисија и понатаму. По повод месецот на машкото здравје, во сите dm дрогерии до 24 ноември со купени производи за нега на мажи во износ над 799 денари, ќе добиете подарок Movember маица со која ќе придонесете за ширење на пораката за важноста на машкото здравје.

dm

dm

dm

dm

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button