Скопските излози во духот на празнична магија – Кој се потрудил најмногу?
Доколку вие сте сретнале некое место од вашиот град што ве воодушевило како е украсено, испратете ни фотографии на нашиот профил на Инстаграм: Glamur.mk и ќе ја објавиме конкуренцијата:) Помогнете ни да го најдеме заеднички најубаво декорираниот излог во Македонија!
И додека на социјалните мрежи владее препукување за тоа зошто Скопје не е украсено, дали главниот град воопшто ќе биде украсен итн. продавниците во централното градско подрачје веќе ја донесоа празничната магија со нивниот креативен амбиент.
Бевме на прошетка и овие неколку места навистина нe воодушевија, па сакаме да ги споделиме со вас.
Бидејќи нашата прошетка се одвиваше во рааните утрински часови се уште немаше раздвиженост, локалите беа празни, а дел од продавниците беа и затворени.
Но нашата идеја беше да ја доловиме новната уникатност и да ви покажеме колку се вложиле да го привлечат вниманието кај потрошувачите со моќта на новогодишните украси.
Еве како ние ги рангираме
ПЕТО МЕСТО
Петто место на оваа ранг листа е за излогот на Sara fashion. Можеби ќе препознаете дека ова е дуќанот на Рекорд. Тоа е навистина многу фреквентно место, полно со туристи. Нивната декорација е пристојна, но премногу old fashion. За премиум продавница која продава мода сметеме дека можеле да се потрудат многу повеќе од овие неколку снегулки кои ен доаѓаат до израз. Ни го привлеока вниманието со ознаката за попуст и добриод слоган Pijama land. Браво за тоа!
ЧЕТВРТО МЕСТО
Ова е едно од кафулињата на улица „Македонија“. Убав масивен декор на вратата и весели цртежи на стаклата. Црвената машна е ефектна, недостасува боја за да го привлече внимението.
ТРЕТО МЕСТО
Вкусните чоколадца на Краш заслужуваат малку повеќе од ова. Ни се допаѓа идејата на минимализам кој го прават луксузните продавници, елката е поставена на многу убаво место, но можеби можела да биде целата украсена во златна боја со црвени пакетчиња за да биде забележана, на овој начин се претопува во едно здодевно шаренило. Го почитуваме ретро стилот, но овде серизоно недостасува впечатливост.
Но, нејсе, за вкусови не се дискутира. Да не бидеме погрешно сфатени ова се само наши добронамерни критики.
ВТОРО МЕСТО
На автобуската постојка на Рекорд се наоѓа оваа продавница за накит Coral jewelry. Елегантно, префинето, стилски и соодветно за нивната намена. Вака би го опишале нивниот креативен празничен украс на велзот од вратата. Софистицираниот момент не воодушеви.
Ни се допадна и тоа што си поиграле со нестандардни бои за овој празник со што се издвојуваат. Не ги ставивме на првото место бидејќи трудот кај следните е далеку поголем.
ПРВО МЕСТО
Неговото височество Breadway, местото кое нема шанси да не го забележите. Уште во 7 наутро ечеше гласно божиќна музика. Модерно, отмено, истовремено традиционално, ефектно, забавно…
Војниците кои ве поздравуваат на влезот од вратата се атракција за гостите кои се фотографиираат, вратата наликува како влез на некоја бајка, масивната машна во црвена боја воодушевува.
А, сијаличките и ѕвездите во делот каде што седат гостите е магичен.
Ако не сте пробале топло чоколадо тука, брзо фатете си место. Нека ви е на здравје!
Кој излог ви се допадна најмногу вам?
Доколку вие сте сретнале некое место од вашиот град што ве воодушевило како е украсено, испратете ни фотографии на нашиот профил на Инстаграм: ГЛАМУР.МК и ќе ја објавиме конкуренцијата:) Помогнете ни заеднички да го избереме најубаво декорираниот излог во Македонија!