Реклама
MAMAКафе муабет

Ако обожавате да готвите, тогаш имаме радосна вест за вас: Готвењето штити од депресија и стрес

Реклама

Ако уживате да готвите, да подготвувате колачи или торти, а особено сакате тоа да го правите за другите, тогаш имаме радосна вест за вас. Имено, експертите велат дека кулинарството помага да се ослободиме од стрес, но има и други психолошки предности.

ФОТО: unsplash.com

Ова е добра прилика некому да ги пренесеме своите емоции, затоа што со храната можеме да го соопштиме она што не сме во состојба да го искажеме со реченици. „Ова сознание може да биде корисно за луѓето кои имаат потешкотии во изразувањето на емоциите со зборови, па така, благодарнсота и сочувствувањето го покажуваат преку она што го подготвиле“, вели Сузан Вајтбум, професорка по психологија на универзитетот во Масачусетс.

Подготвувањето јадење бара внимание, а понекогаш и многу време. Мора да ги мерите потребните состојки, да се фокусирате на она што го правите, на мирисот и вкусот на храна, што може да резултира со намален стрес, смета професорката по психологија на универзитетот во Бостон, Дона Пинкас.

Маркетинг

Тоа е една од причините зошто кулинарската терапија е се’ повеќе застапена, веднаш после уметничката. Џон Вајт, добитник на престижно британско признание во областа на пекарството за 2012 година, рекол дека оваа работа му помогнала да се соочи со депресијата, зашто додека нешто подготвувате немате време да размислувате за други работи.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button