Готвач ослабе 89 килограми за 8 месеци – исфрлил само две намирници, а еве како се хранел

Познатиот италијански готвач Матео Гранди, кој многу часови минува во кујна создавајќи раскошни јадења, до неодамна тежел 185 килограми.
На 34-годишна возраст, сфатил дека повеќе не може да го игнорира своето здравје – ниту физички, ниту ментално.
View this post on Instagram
Advertisement
Во потрага по решение, направил само две едноставни промени: целосно ги исфрлил шеќерот и јаглехидратите – без радикални диети, без гладување, без скапи додатоци во исхраната.
„Во еден момент престанав да се мерам – не сакав веќе да го видам бројот на вагата“, признава Матео. Но, еден јунски ден решил дека е време за промена.
View this post on Instagram
Почнал да јаде двапати дневно според режим на автофагија.
За ручек – јајца, лосос, авокадо и пилешко бело месо.
За вечера – зеленчук, морска храна и/или месо.
Откако ги исфрлил белите јаглехидрати – тестенини, леб и грицки – почувствувал огромна разлика: „Мозокот ми се разбистри, а и псоријазата ми исчезна од лактите.“
По 8 месеци ослабел 89 килограми. Без таблети, без операции, само со променети навики.
View this post on Instagram
Денес тренира, готви полесна храна и во својот ресторан нуди над 30 јадења без јаглехидрати и млечни производи.
Но, дали треба сите да ги исфрлат јаглехидратите? Според нутриционистите – не. Јаглехидратите не се непријател, туку гориво за телото. Клучот е во видот и количината: заменете ги белите тестенини со интегрални, комбинирајте ги со зеленчук и протеини.
Преголемо ограничување на јаглехидрати може да доведе до замор, нервоза и нарушена рамнотежа во организмот.
Примерот на Матео покажува колку може да направат дисциплината и волјата – но секое тело е различно. Пред големи промени, најдобро е да се консултирате со нутриционист.
Најдобрата исхрана е онаа што е здрава, вкусна и прилагодена на вас.