Реклама
LIFESTYLEХороскоп

„Господе, ти благодарам за се’, дади им и на оние кои немаат што да јадат и пијат“

Реклама

Ако имаме топол дом и јадење на масата, тогаш треба да бидеме благодарни. Во продолжение ви прикажуваме кратки молитви кои треба да ги изговарате пред и после јадење.

ФОТО: unsplash.com

Молитви пред јадење

Господе, ти благодарам за се’ што ни даде. Дарувај им и на оние кои немаат јадење, пиење, облека, куќа, родители и пријатели. Помогни им и на оние кои се болни и кои не можат да одат и да зборуваат. Благослови не’. Амин.

Драг Господе, ти ни даде се’. Имам добри пријатели и семејство и сум радосен/на поради тоа. Ти благодарам и на оваа храна и на секоја добрина која ни ја даруваш. Амин.

Маркетинг

Боже, те молам секогаш да ни даваш нешто да имаме за јадење и не дозволувај да бидеме многу сиромашни. Исто така те молам да погледнеш на сите сиромашни во овој свет. Благослови ги луѓето на оваа маса и јадењето кое е пред нас. Амин.

Молитви за после јадење

Господе, добро се најадовме и добро се напивме. Ти благодарам што не’ нахрани и денес и те молам секогаш остани со нас. Амин.

Маркетинг

Драг Господе, се чувствувам многу добро. На масата имавме се’ што ни треба. Секогаш се радувам и те споменувам со луѓето кои ги сакам. Те молам секогаш остани со нас. Слава ти.

Семоќен Боже, ти се заблагодаруваме на сите твои благодети. Ти си владетел на овој свет. Ти ни даруваш вода, кров, природа и здравје. Ти благодарам што ги примам овие дарови. Слава ти.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button