Да се помолиме за своите најмили и најсакани. За најневините суштества – нашите деца.
Милосрден Исусе, јас ти ги предавам своите деца, никој друг не може да ја сфати мојата болка и моите потешкотии и да ми даде подобра помош. Дај ми милост да можам да ги подигнам своите деца, затоа што знам дека без твоја помош моите настојувања нема да вродат плод. Прочисти ги моите дела и просветли ме во моето поучување на децата. Ослободи ги од грев, учи ги да растат во љубов, сочувај ги од лошо друштво, помогни им во нивното учење, направи ги љубезни кон сиромашните, несреќните, патниците. Сочувај ги во својата присутност и во добро здравје, така што ќе може да растат на Твоја слава, за доброто на другите и во посвета на своите родители.
Кога после смртта ќе се појавам пред тебе, мојот судија, нека твојата Мајка ги преземе моите деца. Ти ветувам дека од сега верно ќе ти служам и на другите ќе ја пренесувам оваа побожност.
Молитва 2
Боже!
Дај ми мудрост да ги одгледам своите деца. Дај ми трпение да ги подучувам. Дај ми будност со пример да ги поучувам за добрината. Дај ми нежност да ги сакам. Дај ми љубов да знам да ги казнам. Дај ми сила да ги исправам. Благослови ме да ги одгледам за мудрост. Оче! Води ме ти мене, за јас да можам да ги водам своите деца. Поправи ме, за да можам јас да ги поправам нив. Дај трајно да ја чувствувам твојата љубов и да можам на своите деца да им приповедам за чудата на твојата добрина.
Амин.