Горјан од „Мерак меана“ сите ги изненади со оваа вест – заминува од „Скопски боеми“, што се случува?!
Познатиот музичар ќе биде нов член во групата „Тајфата“
Познатиот македонски музики состав „Тајфата“ доби нов член, а во прашање е музичарот Горјан Стојановски.
Оваа вест ни ја потврди и самиот Горјан, кој ни откри дека во новата година влегува со нова енергија и нови луѓе.
Имено, Горјан кој долги години беше дел од Скопски боеми, открива дека со нив ќе продолжи да соработува во рамките на Мерак меана, но и дека со „Тајфата“ стартуваат веднаш и со нова песна.
Фејсбук/ Горјан Стојановски
Еве што изјави тој за Гламур:
„Чест ми е да најавам дека во новата година влегувам со нова енергија односно нова соработка со многу убави луѓе. Тоа е бендот Тајфата ,добро етаблиран бенд со висок квалитет на професионализам во светот на музиката. Фактот дека на естрадата се повеќе од дваесет години кажува многу за овој бенд. Можам да кажам дека со дечките се договоривме со две реченици, тие се мои стари пријатели/колеги и имам соработувано многу пати низ годиниве. Нескромно можам да кажам дека гледано како целосен производ ова е најдобриот бенд на нашите простори. Jас нема да се фалам сам туку само ќе гледам да придонесам да ја подигнеме границата на квалитет на уште повисоко ниво“.
Принтскрин/ Јутуб, Тајфата
„Стартуваме одма со нова песна и спот секако авторска, погледнете ја на јутуб се вика “Девојче Калешо” и најавуваме уште многу нови проекти во блиска иднина, изјави Горјан, па додаде:
Принтскрин/ Јутуб, Тајфата
„Песната е дело на Владимир Богоески клавјаитуристот во бендот во соработка со Рубин Димкоски (гитаристот од Меморија) и е снимена во неговото музичко студио ‘Р’ За видео спотот се погрижи “Фан Продукција”, вели Горјан.
Потсетуваме, Горјан веќе две децении е дел од македонската музичка естрада, а вработен е и како виолинист во Македонска опера и балет. Тој исто така е и член на Комората на музичка индустрија, но и претседател на Здружение не естрадни уметници на Македонија (ЗЕУМ).
Фејсбук/ Горјан Стојановски
Тој од седумгодишна возраст свири на виолина, а потекнува од музичко семејство што и самиот ќе го открие во една пригода за Гламур (види тука). Од друга страна и неговата сопруга Ирена со која е во брак повеќе од една деценија е виолинистка и член на групата „Тринити стрингс“, а во Македонската опера и балет работи и неговата сестра која исто така е професионален музичар – виолинистка.
Целото интервју со Горјан прочитајте го тука...