Огласи
CelebrityNEWSНаши ѕвездиЦрна хроника

Горги е меѓу загинатите во Кочани – братот на тапанарот на ДНК скршен од болка

advertisement
advert

Талентираниот млад музичар Горги Горгиев од Струмица го загуби животот во трагичниот пожар во дискотеката „Плус“ во Кочани. На Ѓорги му предувидуваа блескава кариера. Вчера настапил со ДНК на сцената кога се случила несреќата, за жал не успеал да се спси од огнените јазици. Трагичната вест официјално ја соопшти и неговиот брат Димитар.

– Окце мое почивај во мир ќе ми недостигаш – напишал на тажната објава братот на Горги.

Ѓорѓи ќе биде запаметен како млад и надежен музичар кој својата страст за музиката ја споделуваше со сите околу себе. Секогаш позитивен, насмеан и мотивиран да создаде нешто убаво, тој беше инспирација за многу млади таленти.

реклама
фото:Принтскрин

Градоначалникот на Струмица се прости со неговиот драг сограѓанин,

Ах бре убаво дете, сите списоци сите болници баравме за да те најдеме, само да ни кажат дека си тука…
Со неизмерна тага ја примив веста за трагичната загуба на нашиот сограѓанин, Горги Горгиев, кој го загуби својот живот во страшниот пожар во Кочани. Струмица загуби талентиран музичар, пријател и човек со големо срце, кој преку својата музика ширеше радост и емоции.
Во овие тешки моменти, моите мисли и молитви се со неговото семејство, најблиските и сите кои го познаваа и сакаа. Нека почива во мир, а неговата музика и споменот за него вечно да живеат во нашите срца.

Марpкетинг

Костадинов објави дека за нивниот ангел Горги и за сите прерано згаснати млади луѓе во оваа кобна несреќа ќе биде отворена книга ан жалост, а од овој момент ги поканува граѓаните на струмичкиот плоштад каде ќе се сплотат сите заедно за да ја споделат тагата. Еве повеќе детали што напиша Костадинов:

Нема зборови за утеха, само солзи и неизмерна тага…Тагуваме со мојата Струмица за нашиот струмички ангел Горги Горгиев, за прекинатата младост и неговите соништа…Од 14,30 часот градскиот плоштад во Струмица ќе биде местото каде што заедно ќе може ја споделуваме болката и тагата за нашиот ангел и сите млади луѓе кои ги загубија животите во дискотеката во Кочани, да се молиме за нивните души и за здравје на повредените.Утре од 8 часот во просториите на општинската зграда ќе биде отворена книга на жалост.

фото: Фејсбук градоначалник Костадин Костадинов

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button