CelebrityTV

Ѓорѓе Давид разочаран од Босанац – не испадна џек како Марија, можеше барем…

„Секој има право да направи нов чекор во животот, и му посакувам среќа. Но, начинот...“

Advertisement

Веќе е познато – Драган Стојковиќ Босанац, еден од најпрепознатливите членови на жирито во „Ѕвездите на Гранд“, потпиша договор за нов професионален ангажман и го напушти шоуто по 18 години. Но, неговото заминување предизвика лавина реакции, а не остана воздржан на зборови ни колегата Ѓорѓе Давид, кој отворено му замери на Босанац поради начинот на кој се повлекол од проектот.

Во изјава за српските медиуми, Давид рече дека Босанац не покажал елементарна почит кон колегите:

Advertisement

„Секој има право да направи нов чекор во животот, и му посакувам среќа. Но начинот – без да се поздрави, без збор, тоа не го очекував од него. Не испадна џек како Марија Шерифовиќ. Таа барем јавно кажа, се поздрави со сите и го испочитува тимот со кој работеше со години.“

Особено негативно одекна изјавата на Босанац дека во жирито останал „само поради Саша Поповиќ“, со што, според Давид, ја омаловажил целата екипа:

инстаграм Босанац

„Постои начин како се заминува, можеш да кажеш дека сакаш нова енергија, нова средина, дури и поголем хонорар. Но да кажеш дека си бил тука само поради еден човек, тоа веќе не е коректно.“

Advertisement

Од друга страна пак, Босанац за друг српски медиум изјави дека цели 18 години работел во „Гранд“ без финансиски надомест:

„Не сум земал ни денар. Бев таму заради мојот починат пријател Саша Поповиќ. Сега немам веќе причина да останам.“

Се појавија и шпекулации дека заминувањето било поврзано со хонорарот на новата членка на жирито, Дара Бубамара, но Босанац тврди дека парите никогаш не биле мотив.

Иако долги години важеше за столб на жирито, заминувањето на Босанац, наводно без поздрав и без објаснување, зад себе остави горчина кај дел од тимот на „Ѕвездите на Гранд“.

Останува да видиме дали на столчињата на Марија Шерифовиќ и Босанац, навистина ќе седнат Брена и сопругата на Саша Поповиќ, Сузана, како што во последниве два дена наголемо се зборува.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

Back to top button