Гордост на Македонија – Стумичанка со моќен настап на германско музичко шоу, жирито се степа кој да ја земе во тимот (Видео)

Младата пејачка Тина Русева (20) од Струмица, која живее во Леверкузен, Германија, предизвика вистинска еуфорија на првото свое појавување во германската верзија на музичкото шоу „The Voice“.
Тина на аудицијата ја отпеа енергичната „Do It Like a Dude“ од Џеси Џеј и толку силно го импресионира жирито, што дел од членовите останаа со подзината уста и буквално се натпреваруваа кој прв ќе го притисне копчето за да ја земе во својот тим.
Настапот, кој беше емитуван на 2 октомври, привлече огромно внимание и кај публиката, која на социјалните мрежи ја пофали Тина за вокалната моќ и сценската енергија.

Иако има само 20 години, Тина зад себе веќе има богато музичко искуство. Уште како дете настапувала на меѓународни фестивали – на „Славјански базар“ во Белорусија освоила второ место, а на „Езерски бисери“ во Струга била лауреат. Сепак, со учеството во „The Voice Germany“ таа прави голем чекор кон меѓународна кариера.
Русева на својот Инстаграм профил пред настапот најави дека ќе се појави во шоуто, а веднаш по емитувањето сподели видео од својот перформанс, кое предизвика лавина честитки.
Со ваков старт, струмичанката има сериозни шанси да стане едно од најголемите музички откритија во Германија годинава.