Горда мама – Искра повторно ја покажа убавата балерина, погледнете како изгледа Матеа, како излезена од филм

Една од нашите најпопуларни водителки Искра Канзурова, ТВ лице на националната телевизија Алфа ТВ е мајка на две деца.
Искра верно го чува својот приватен живот и многу ретко споделува фотографии или видеа од нејзините нејблиски и приватни моменти, семејни веселби и слично. Но во последно време таа како горда мајка знае да се пофали со нејзината ќерка која што веќе е успешна балерина со неколку изиграни претстави зад себе.
Ќе се потсетиме како пред некое време радосната мама не можеше да ги сокрие емоциите, па се чини сакаше на сиот глас да вресне дека нејзината ќерка ќе игра на „Лебедово езеро“.
За разлика од минатото како поранешна сопруга на Игор Џамбазов кога нејзиното име беше често дел од жолтиот печат, денес Искра верно ја чува својата приватност за себе и многу ретко знае да сподели некоја семејна фотографија.
Долги години е во брак со Владимир Канзуров и горда мајка е на ќерката Матеа и синчето Меглен.
Денеска Искра разочарана од светските случувања со војните објави едне навистина емотивен статус.
На ова водителката се надоврза со нова преубава објава со фантастична фотографија од нејзината ќерка.
Во време на безумие, војни, немири, алчност, уметниците се најчистото нешто и најголемата надеж. Мојата Матеа – напиша Искра.