Наши ѕвезди

Горан Папаз ужива со сопругата и овие три ангелчиња – неверојатно колку пораснаа, ќе се изненадите

Весело друштво

Advertisement

Познатиот музичар Горан Папаз покажа колку ужива во родителството и не крие колку е поврзан со своето семејство.

Папаз преку социјалните мрежи понекогаш споделува интересни фотографии со своите наследници, а тоа го направи и сега.

Advertisement

Од неговата објава сите може да видиме колку пораснале близначињата, но и дека во нивниот дом секогаш е весело.

Фејсбук/ Горан Папаз

На фотографијата се сите заедно во комплет, а музичарот во шега во описот го напиша следниот коментар:

„Со Лазар треба да повежбаме малце, ама не е лошо испаднат“, напиша Горан во описот на преслатката фотографија што ја сподели.

Фејсбук/ Горан Папаз

Потсетуваме, познатиот саксофонист Горан Папаз и неговата сопруга Наташа оваа Нова година ќе биде посебно весела.

Фејсбук/ Горан Папаз

Имено, тие на 30.12.2024 станаа родители на тројка, па наскоро ќе треба да ги слават родендените на нивните бебиња кои ги крстија Лена, Луна и Лазар Папаз.

Фејсбук/ Горан Папаз

Оваа весела дружина на македонскиот саксофонист и неговата сакана уште од првите денови се познати, кога Папаз сподели фотографии од нив.

Тие се родија предвреме во 34-тата недела од бременоста, со многу мала родилна тежина. За среќа, и покрај инфекциите, преслатките Луна, Лазар и Лена успеаја да ги надминат сите предизвици и сега се здрави деца.

Фејсбук/ Горан Папаз

Познатиот музичар има и еден син од претходниот брак, Дамјан, а со Наташа е во брак од пред три години.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button