Горан Алачки блеска од среќа – погледнете како ужива со саканата, ова беше вистинско изненадување
Водителката не го заборави овој важен датум...

Поранешната водителка јавно му го честиташе роденденот на саканиот.
Познатата поранешна водителка Марина Дојчиновска со преубава порака јавно му го честиташе роденденот на Горан Алачки.
Познатиот македонски хармоникаш и композитор Горан Алачки го прослави својот 60. роденден, а роденденската честитка што ја доби од својата партнерка ги воодушеви нивните заеднички пријатели.
Имено, Марина прва му испрати јавно роденденска честитка заедно со нивна заедничка фотографија и една снимка.
Принтскрин/ Фејсбук
И додека на фотографијата тие седат на скутер и уживаат во преубавото тиркизно море, на видеото што марина го објави се гледа како тие танцуваат, додека додека Ленче и Горан Кукиќ им ја пеат „Због једне дивне црне жене“, легендарната песна од Кичо Слабинац.
Принтскрин/ Фејсбук
На оваа објава веднаш се надоврза бројни фанови и му го честитаа роденденот и овој преубав ден на маестрото.
„Среќен роденден убав мој“, напиша Марина во пораката.
Принтскрин/ Фејсбук
Потсетуваме, Марина и Горан оваа година треба да прослават 10 години врска, а во една пригода водителката во интервју за Гламур магазин откри дека тоа ќе биде прослава на љубовта, убавината, вниманието, искреноста, поддршката и посветеноста што си ја даваат еден на друг, што нивната врска ја прави уште посилна.
Тие неодамна се вратија од патување на Малдивите, каде го прославија роденденот на Марина, а нивните фотографии што тогаш ги објавија на социјалните мрежи од ова место ги воодушевија сите.
Фејбсук/ Марина Дојчиновска
Тие тогаш покажаа како уживаат на егзотичната плажа, а Марина позираше и во костим за капење и ги изненади сите.
Како овој па изгледаше и во ова издание, погледнете тука…