Реклама
Интервју

ГОЛИТЕ БУТИНИ како уметност, а не ВУЛГАРНОСТ-Моника Блажевска во улога на Елена Тројанска

Креацијата е мој дизајн инспириран од грчкиот стил на фустани, вели дизјанерката.

Реклама

Младата уметница и модна дизјанерка Моника Блажевска, секогаш знае да нè  изненади  и воодушеви со нејзините преокти.  Таа се издвојува од уметниците по својот посебен, уникатен пристап, модерна е и единствена во тоа што го прави.

фото/ Приватна архива

На последните објавени фотографии дизјанерката изгледа фантастично! Очигледно немала проблем да покаже малку повеќе голотија, да го истакне својот сексапил на еден уметнички начин.

Откако објави фотографии кои навистина привлекоа огромно внимание, а лајковите се лепеа како магнет од секунда во секунда, стапивме во контакт и се обидовме да дознаме нешто повеќе околку оваа екстарвагантна фотосесија.

Маркетинг
фото/ Приватна архива

На што се должи оваа фотосесија ? Дали е најава за нешто ново од вас?

Секогаш на сцената сум присутна само кога имам дела, односно не сум од оние кои го споделуваат секојдневниот живот на социјалните мрежи. Нив ги користам само за мојата јавна професија, како што е и овој пат, со цел.

фото/ Приватна архива

Фотосесијата е работена на тема инспирирана од „Илијада“ попознато како „Елена Тројанска“. И тоа всушност е најавата за мојата четврта самостојна изложба.

Маркетинг
фото/ Приватна архива

На еден уметнички начин го покажувате сексапилот, не секоја жена го поседува тоа.Што мислите каде е границата на разголувањето од сексапил до вулгарност?

Уметноста нема граница.

Во овој случај сметам дека требаше да се покаже едноставност во креацијата, повеќе разголеност бидејќи Елена се појавува пред илијадници спартанци, гола и со тоа ја покажува својата убавина за која подоцна се води војна- вели Блажевска за Гламур.мк.

фото/ Приватна архива

Со кого работевте за оваа фотосесија?

Креацијата е мој дизајн инспириран од грчкиот стил на фустани. Употребена е бела боја со златни детали. Фотосесијата е работена со Зоран Поповски Аверел, долгогодишна соработка и фотограф на кој можам да се потпрам сигурно со своите идеи.

фото/ Приватна архива

Раскажете ни малку повеќе околу изложбата што ја најавувате? Како е замислена и што ќе содржи?

На 26 јули во  новотоворениот креативен клуб „ОЗ“. Посетителите ќе имаат можност да видат насликани платна со коњи, портрети на дрво, актови и пејзажи и сето тоа инспирирано од темата. Истите надополнети со уникатни креации во грчки стил.

фото/ Приватна архива

Јавноста ве знае како моден дизајнер, но и како и сликар што е и вашата вокација, со што се занимавате периодов?

Паралелно работам повеќе дејности од областа на уметноста, цртам, креирам, дури и вложувам во последниве година дена во комерцијален бизнис, односно аранжирање на скапо и луксузно цвеќе. Така што мојата галерија е уникатен и несекојдневен “гифт шоп“со многу креативна енергија.

фото/ Приватна архива

Ќе ни откриете ли како успевате да изгледате толку витко? Кои се вашите тајни за одличната форма?

Околу тоа прашање зборат повеќе моите гени, наследно. Потоа просторот во кој работам е на два спрата низ кои поминувам едно педесет и нешто пати дневно “горе доле“ по скалите и моето тело е веќе оформено во “само“ мускул и изразити вени. А што се однесува до храната, јадам се, а повеќе сум љубител на солено отколку на благо.

фото/ Приватна архива

Кои се вашите очекувања за престојната изложба?

Очекувам позитивни и искрени луѓе, малку забава и убави разговори, се останато само по себе ќе си дојде.

фото/ Приватна архива

Мони стана препознатлива за јавноста и по тоа што секогаш прави многу убав спој на модата и уметноста. Впрочем и нејзините креации насликани со уметнички дела станаа тренд меѓу познатите личности.  Организирала и модна ревија со изложба на слики, секој нејзин настан ги привлекува очите на јавноста, затоа што гарантира воодушевување.

фото/ Приватна архива

Таа креира под името „БМ Дизајн Моника“.

фото/ Приватна архива
фото/ Приватна архива
фото/ Приватна архива
фото/ Приватна архива
фото/ Приватна архива
фото/ Приватна архива

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button