Реклама
Вести

Големо БРАВО за учениците од „Максимилијан“ кои го разубавија базарот наменет за ранливи деца

Ви пренесуваме дел од атмосферата на добротворниот базар што овој викенд беше организиран за собирање средства за помош на деца со посебни потреби.

Реклама

Овој викенд во Скопје се одржа Дипломатски добротворен базар во организација на „Добредојде Македонија – Welcome Centre“.

Станува збор за настан што се одржува по повод Светскиот ден на детето, а кој оваа година се одржа под покровителство на амбасадата на Република Словенија, организиран од „Dobredojde” Macedonia Welcome Centre (види тука), во хотелот „Мериот“.

На настанот учествуваа низа амбасади во нашата земја, меѓу кои амбасадите на Шпанија, Кина, Јапонија, Казахстан, Словачка, Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Косово, Италија, Литванија и Швајцарија. Она што го привлече вниманието на посетителите беа штандовите на секоја од овие земји на кои можеа да се вкусат традиционални кулинарски специјалитети. Тука беа и интересните сувенири и украси што ќе ги разубават домовите во пресрет на новогодишните празници. Сите собрани средства се наменети за добротворни цели, а оваа година ќе бидат искористени за поддршка на ранливи деца, вклучително и деца со посебни потреби од училиштата „Св. Климент Охридски“ од Македонски Брод и „Братство Миѓени“ од Тетово.

Маркетинг

Дипломатски добротворен базар

Покрај хуманитарниот карактер, базарот е препознатлив и по својата весела празнична атмосфера, исполнета со песни, музички точки и индивидуални изведби за кои оваа година беа задолжени ученици од Меѓународното училиште „Максимилијан“ од Скопје.

Маркетинг

Дипломатски добротворен базар

Дипломатски добротворен базар

Па така, Тереза Младеновиќ на виолина ги изведе композициите „Билјана платно белеше“ и „Борјано, Бoрјанке“, Јана Чорбеска на виолончело „Ромберг соната Е-минор“, додека училишниот хорски ансамбл изведе сплет од популарни песни, по што следуваше Ана Спиридоновска и Каја Поповска со „Por una Cabesa“.

Дипломатски добротворен базар

По прекрасната изведба на овие млади и талентирани ученици, поразговаравме со Милена Гиевска Андоновска, наставничка по музичко во Меѓународното училиште „Максимилијан“, која ни пренесе дел од импресиите, горда на своите ученици.

Дипломатски добротворен базар

„Подготовките за овогодинешниот Дипломатски добротворен базар беа од оние моменти кога навистина се чувствувате горди што сте дел од образовна институција како Меѓународно училиште Максимилијан“, изјави наставничката, па го додаде и следново:

„Од првиот ден кога почнавме да ја подготвуваме програмата со песни, музички точки и индивидуални изведби, беше јасно дека ова е многу повеќе од само уште еден училиштен проект. Децата не само што учеа нови работи, туку и се инспирираа едни со други, со своите таленти и целата енергија што ја вложија. Сите функциониравме како едно големо семејство, што за мене е најголемата победа. Заедно создадовме не само настап, туку и спомени што ќе останат засекогаш“.

Дипломатски добротворен базар

„Особено ми беше задоволство да ги гледам нивните настапи на сцената. Многу е важно учениците од најмала возраст да се поттикнуваат да ги надминат стравот и тремата и да застанат на сцена, да покажат нешто што го подготвувале долго време“.

Дипломатски добротворен базар

„Како училиште можеме да се пофалиме со вистински таленти. Имаме ученици кои се навистина талентирани за пеење, ученици кои професионално свират инструменти како виолина, гитара, или виолончело. Кога застанаа на сцена пред големата публика – родители, семејства, пријатели, но и многу непознати лица – секој тон и секоја изведба беа исполнети со емоција. Тоа се моменти што ретко се гледаат“, вели за своите ученици Милена.

Дипломатски добротворен базар

„Она што е навистина посебно на ваквите настани е пораката што ја испраќаме на децата – дека нивната креативност, нивните идеи и нивниот труд можат да направат разлика. Така, тие учат дека со заедничка работа и посветеност можат да бидат дел од нешто што ќе ги инспирира не само нив, туку и оние околу нив.  Верувам дека токму ваквите искуства ги подготвуваат учениците не само за сцената, туку и за животот. Тие учат дека соништата се остваруваат со напорна работа, посветеност и креативност, но и да бидат хумани, солидарни и да имаат емпатија, како и чувство за мултикултурализам, вредности што треба да ги практикуваме секојдневно и безусловно“.

Дипломатски добротворен базар

„А ние во МУ Максимилијан сме тука да веруваме во нив и да ги поттикнеме да ги остварат сите свои соништа“, изјави наставничката Милена од Меѓународното училиште „Максимилијан“.

Дипломатски добротворен базар

Дипломатски добротворен базар

Дипломатски добротворен базар

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button