Наши ѕвезди

Големо браво за пејачот Мики Секуловски – со Цеца РАСТУРААТ, ги изненади сите со своите објави

Цеца во златниот минич го прошета своите брутални нозе, а покрај неа блескаше и нашиот Мики

Advertisement

Преполната сала кажува колку ја обожаваат Цеца и во Словенија, а на Мики му беше чест да настапи пред толкава публика…

Мики Секуловски имаше уште еден одличен настап како гостин и придружен вокал на концертот на Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Advertisement

Имено, најголемата балканска фолк-ѕвезда одржа уште еден концерт за паметење во Цеље на кој беа дојдени од сите краеви на Словенија, но и од околните земји. На сцената со Цеца и овој пат беше и шармантниот пејач од Македонија, Мики Секуловски, на кого Ражнатовиќ му беше менторка во „Ѕвездите на Гранд“.

Принтскрин/ Инстаграм

Мики сподели неколку снимки од настапот и покажа дека во публиката немаше место ни игла да се фрли, што само укажува на тоа колку многу е голема популарноста на фолк-дивата и во оваа земја.

Advertisement

Принтскрин/ Инстаграм

На Мики секако дека му е голема чест што има прилика да настапува со Цеца, што тој и самиот во една пригода и го призна, и тоа уште додека се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ кога изјави дека би бил среќен да соработува со неа бидејќи таа важи за една од најголемите ѕвезди на целиот Балкан.

Принтскрин/ Инстаграм

Публиката покрај песните со кои ги забавуваа музичарите, беше воодушевена и од изданието со кое Цеца се појави.

Принтскрин/ Инстаграм

Имено, пејачката за оваа пригода избра кус фустан во златна боја, кој беше „зачинет“ со циркони и во кој блескаше од глава до пети.

Принтскрин/ Инстаграм

Пејачката во ова издание изгледаше брутално, а покрај неа на сцената цела вечер не ја тргаше насмевката и нашиот Мики Секуловски.

Принтскрин/ Инстаграм

Како изгледаше и тој, но и како публиката уживаше во концертот на големата балканска дива, погледнете во продолжение…

Watch on TikTok

Watch on TikTok

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button