Наши ѕвездиПрепораки

Големо БРАВО за овие насмеани и талентирани деца од Македонија – Ова е Скопје, ова е наше (фото)

Претходниот викенд Скопје беше домаќин на 11-тото издание на меѓународниот танцов фестивал „Dance Off 2025“

Advertisement

Повеќе од 4.000 посетители присуствуваа на 11-тото издание на меѓународниот танцов фестивал „Dance Off 2025“ во Скопје

Претходниот викенд Скопје беше домаќин на 11-тото издание на меѓународниот танцов фестивал „Dance Off 2025“, кој ја исполни арената „Борис Трајковски“ со неверојатна енергија, спектакуларни настапи и извонредни танчари од цела Европа.

Advertisement

На фестивалот учествуваа повеќе од 2.700 натпреварувачи од 50 танцови клубови од 12 европски држави: Македонија, Бугарија, Романија, Словачка, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Грција, Словенија, Холандија и Турција.

Dance Off 2025

Во текот на двата фестивалски дена, над 4.000 посетители имаа можност да уживаат во категориите Хип Хоп, Стрит Денс, Перформанс Арт, Латино танци, уште еднаш потврдувајќи дека Македонија успешно организира меѓународни натпреварувања според највисоки светски стандарди.

Dance Off 2025

„Можеби изгледа нереално… но ова е наше. Ова е Скопје, ова е Македонија — сцена полна со енергија, танчари кои прават да изгледа невозможно, а всушност е многу вистинско. Насмеани лица што покажуваат колку сакаме да се дружиме, да настапуваме и да создаваме моменти што се паметат,“ истакнаа организаторите.

Dance Off 2025

Победници на Гала вечерта беа:

Мила Србиновска, Студио „Брејк А Лег“ – Македонија
Анди Исмаили, Денс студио „Анди Исмаили“ – Македонија
Студио „Ит Д Бит“ – Македонија
Plesni Studio Novo Mesto – Словенија

Организаторот на фестивалот, Трајче Петковски од Студиото „Брејк А Лег“, посочи дека ова издание е најава за она што следува во 2026 година – Европско првенство во модерен, џез и класичен балет, кое ќе се одржи од 21 до 29 октомври 2026 година во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

„Кога нешто се работи со љубов, тогаш нема невозможно,“ нагласи Петковски.

Dance Off 2025

Dance Off 2025

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button