Големи радости во куќата на пејачот Јордан Митев – пристигнуваат честитки, ќе се слави вечерва
Највеселиот ден во неговиот живот

Ова е посебен ден за цело семејство, но за него посебно
Нашиот познат фолк-пејач, Јордан Митев, денес има посебна причина за веселење во неговиот семеен дом.
Имено, Јордан денес слави роденден, па цел ден му пристигнуваат бројни честитки од најблиските, но и од фановите.
Принтскрин/ Јутуб
Јордан кој потекнува и живее во радовишкото село Подареш е роден на 13 август и денес го слави својот 39 роденден.
Тој со неговите песни развеселува многу срца, а иако се уште е млад, неговата кариера трае веќе цели две децении.
Принтскрин/ Јутуб
Во 2015 година направи голем јубилеен концерт по повод 10 години кариера, па тоа многумина го очекуваат од него и оваа година.
Една од неговите најпопуларни песни, кога се бројот на прегледи во прашање, е песната „Ај што имам мерак бабо“ која има преку 12 милиони прегледи на популарната платформа, додека песната „Кога тргнав Цветово туѓина“ има речиси 10 милиони прегледи, што навистина се големи бројки за наши изведувачи.
Принтскрин/ Јутуб
Моментално важи за еден од нашите најпознати фолк-пејачи, а неодамна ги изненади сите и со песната посветена на Охрид.
Како Јордан звучеше и во ова издание, потсетете се во продолжение:
Потсетуваме, Јордан наскоро очекува да му се роди второто дете, а прв пат во улога на татко се оствари во 2024 година.
Неговиот живот оттогаш целосно се промени, а што изјави Јордан во една пригода за татковството, откријте тука.