Огласи
ВестиЦрна хроника

Голема трагедија се случи ноќеска во Македонија – десетици мртви во пожарот во Кочани (видео)

Според досегашните објави, станува збор за дискотека во Кочани, а пожарот настанал од пиротехника.

advertisement
advert

Според досегашните објави во медиумите, пожарот избувнал во дискотеката „Пулс“ во Кочани, околу 03.00 часот по полноќ, а според првичните информации има десетици мртви и најверојатно преку 100 повредени…

Голема несреќа се случи во Кочани

Вчера се случи голема трагедија во Кочани откако се запали дискотека во Кочани, а според проценките најмалку 30 лица загинале во пожарот.

Според првичните информации на екипите на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи повредени се над 100 луѓе, а најмалку 30 лица загинале во пожарот, објави порталот СДК.мк.

реклама

Директорот н Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, потоа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев се веќе во Кочани, но за сега се уште нема подетални информации во врска со трагедијата.

„Се уште се преземаат дејствија и се врши увид. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК се на пат кон Кочани“.

Марpкетинг
Принтскрин/ Фејсбук, ТВ Стар

„На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување“, известуваат од Основното Јавно Обвинителство.

Според досегашните објави во медиумите, станува збор за дискотеката Пулс, а пожарот настанал од пиротехника.

Според информациите од директорката на болницата во Кочани, а кои што ги објави „Слободен печат“, повредени се 90 лица, а десетици изгореле во пожарот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button