Голема радост во семејството на Наум Петрески – зетот сподели преубава вест, сите им честитаат
Андреа тргна на училиште во прво одделение

Внуката на Наум порасна, а таткото имаше посебна честитка за неа
Андреа тргна на училиште во прво одделение – внуката на Наум Петрески порасна, а мајка му имаше посебна честитка за неа
Внуката на нашиот познат фолк-пејач Наум Петрески овие денови тргна во прво одделение на училиште.
Наум Петрески, Зуица Лазова
Фотографија од првачето објави нејзиниот татко, Владимир Поповски, познат музичар и сопруг на Анастасија Петреска.
Посебен ден за цело семејство
Гордиот татко ја сподели убавата вест на социјалните мрежи, по што следуваа бројни честитки и коментари од фановите.
Фејсбук/ Владимир Поповски
Имено, Владимир на својот Фејсбук сподели фотографија на која во главна улога е малата Андреа и со која сите ги разнежи.
„Денес нашата ќерка го прави првиот чекор во светот на знаењето. Училишната врата е почеток на пат исполнет со љубопитност, истражување и нови пријателства. Секое слово ќе ѝ отвори нова мисла, секој број нова можност. Горди сме што ја гледаме како расте во личност полна со светлина и мудрост“ напиша гордиот татко во описот на фотографијата што ја сподели на Фејсбук.
Фејсбук/ Владимир Поповски
Малата Андреа позираше со насмевка на лицето и коса врзана во „кики“, со розов ранец, бела маичка и црна сукњичка.
Инстаграм/ Наум Петрески
Tаа веднаш ги освои симпатиите со ова свое издание, а имаше коментари и дека со очилата личи на својот познат дедо.
Потсетуваме, овие денови на училиште тргна и внукот на Сузана Турунџиева, кој исто така беше интересно облечен.
Повеќе за ова прочитајте тука.