Голема прослава во семејството на Рашела Мизрахи – пристигнуваат честитки, блеска од среќа (фото)
Едно интересно издание на нашата пратеничка

Ова беше посебен ден за пратеничката
Пратеничката Рашела Мизрахи сподели неколку фотографии на Фејсбук со кои ги изненади оние што ја следат на оваа мрежа.
Имено, таа го прослави својот 44 роденден, па откри и како и со кого го помина овој посебен ден во нејзиниот живот.

Фејсбук/ Рашела Мизрахи
Пратеничката ја покажа и роденденската торта, како и партнерот, но еден детаљ посебно привлече внимание.
Имено, Рашела за ова пригода носеше преубав фустан со цветен дезен во неодоливи пастелни нијанси.

Фејсбук/ Рашела Мизрахи
Ова нејзино издание никого не оставија рамнодушен, по што следуваа бројни коментари од нејзините следбеници.
„Прекрасни сте. Љубов, здравје, среќа и убавини“, „ Најсреќен роденден храбра и достоинствена дама, полна со љубов и енергија“ беа само некои од коментарите што стојат под овие нејзини фотографии.

Фејсбук/ Рашела Мизрахи
Потсетуваме, Рашела покрај тоа што е политичарка, таа е и мајка и сопруга, која најмногу сака времето да го минува со семејството.
Таа потекнува од старо скопско еврејско семејство, а многу нејзини роднини во 1943 година од страна на Бугарските фашисти биле однесени во логорот Треблинка, познат и како логор на смртта.

Фејсбук/ Рашела Мизрахи
Само еден член од нејзиното семејство успеал да се спаси бидејќи заминал во Партизани, додека 85 членови биле депортирани.
Таа е докторка на науки по биохемија и поранешна министерка за труд и социјална политика. Од таа позиција беше разрешена откако Грција испрати вербална нота за непочитување на Договорот од Преспа, бидејќи Мизрахи држеше прес конференции во Министерство пред табла со Република Македонија, која тогаш одби да ја смени.



