Голема прослава во семејниот дом на Влатко Лозано – неговата сестра Марија објави преубава вест
Ова се сестрата и мајката на Влатко Лозано
Во семејниот дом на нашиот познат пејач повторно имаше причина за славење – овој пат неговата мајка славеше роденден.
Имено, сестрата на Влатко Лозановски – Лозано, Марија Лозаноска, пресреќна објави емотивна фотографија со нивната мајка.
„Среќен роденден, мама“, напиша Марија под фотографијата со која таа ја сподели оваа радосна вест на својот Инстаграм.
Инстаграм/ Марија Лозаноска
Инаку, Марија е професорка по македонски јазик, но и успешен уметник која уметноста ја изразува преку пишаниот збор, но и преку изработка на накит. Поктај тоа пто има напишано неколку книги и бројни познати цитати што се споделуваат на социјалните мрежи, Марија изработува и фантастични парчиња накит кои зрачат со креативност, а ги изработува под името на нејзиниот бренд „Леана“.
Инстаграм/ Влатко Лозано
Марија токму преку една нејзина рачна изработка неодамна го откри и името на внукот, синот на Влатко Лозано кој се роди пред месец дена.
Таа тогаш објави дека за внукот го направила првиот подарок – држач за цуцла направен од дрвени монисти, со името Марко.
Инстаграм/ Марија Лозаноска
„Тетка почна со изработка на џиџиња“, напиша Марија тогаш.
Инстаграм/ Марија Лозаноска
Потсетуваме, братот на Марија, пејачот Влатко Лозано, минатиот месец се оствари во најважната улога во неговиот живот.
Инстаграм/ Влатко Лозано
Тој и неговата сакана за која се знае многу малку, го добија синот Марко, а оваа вест ги израдува неговите бројни обожаватели.