Голема прослава во куќата на Јордан Митев – прва фотографија со синот, ќерката и сопругата
Нивната ќерка Кристина денес полни две години и пејачот сподели фотографија со која ги изненади сите

Јордан Митев и неговата сопруга денес имаат голема причина за славење – нивната ќеркичка Кристина наполни две години.
На социјалните мрежи пристигнуваат бројни честитки од колегите и пријателите за роденденот на неговата ќеркичка.
Познатиот фолк-пејач Јордан Митев на својот Фејсбук сподели фотографија на која е со сопругата и нивните две дечиња.
Фејсбук/ Јордан Митев
Имено, на неговата ќеркичка Кристина ѝ е роденден, па Јордан сподели фотка од прославата. Ова воедно е и прв пат пејачот да го покаже и својот наследник Кристијан кој се роди неодамна, но прва фотографија на која е и сопругата Славица по пристигнувањето на приновата.
„Како вчера да се роди, а веќе поминаа две години. Среќен роденден ќерко моја! Биди здрава и жива, Господ секогаш нека биде со тебе и нека ти ја подари сета убавина, радост и среќа на овој свет, а јас ќе направам сè што можам за тебе“, напиша Јордан во описот на фотографијата што ја сподели.
Фејсбук/ Јордан Митев
На фотографијата се гледаат розови балони, но и голем балон во форма на бројот 2 и во боја како и фустанчето на Кристина.
Пејачот се топи од љубов додека ја држи ќерката во рацете, а сопругата во елегантен фустан го држи и малиот јунак.
Фејсбук/ Јордан Митев
Потсетуваме, на Јордан пред само неколку недели му се роди и синот, и тоа на големиот христијански празник Крстовден.
Фејсбук/ Јордан Митев
Пејачот тогаш ги израдува сите со среќната вест, посебно што со сопругата долги години се обидуваа да добијат деца.
Принтскрин/ Јутуб
Јордан неколку пати зборувал јавно на оваа тема и никогаш не криел дека има голема желба да се оствари во улога на татко.
И токму затоа беше најсреќен кога му се роди ќеркичката, па во една пригода откри колку многу ужива во родителството.
„Точно така, Господ ни подари прекрасна ќерка. Знаете поголемите турни кај мене се планираат најмалку 2 години однапред, така да минатата година за да не ги поместувам професионалните планови сопругата дојде со мене во Австралија и таму се породи. Назад се вративме тројца а Кристина беше 6 недели кога се вративме дома во Македонија. Уживам во родителството, тоа е едно посебно чувство поготово кога ќе го доживеете на зрели години, спремен за таа улога во животот. Апсолутно сум посветен на ќерка ми и уживам во тоа да ја гледам како ден по ден напредува и ни подарува насмевки и позитивна енергија на цело семејство“, изјави Јордан во една пригода за Гламур, неколку месеци откако му се роди ќеркичката Кристина.
Целото интервју со Јордан прочитајте го тука >>