Голема прослава во домот на водителката Јелена – пристигнуваат честитки, блеска од среќа (фото)
Ова беше посебен ден за неа

Нашата позната водителка Јелена Спасиќ го прослави својот 32. роденден, па по тој повод се огласи на социјалните мрежи.
Имено, таа направи неколку фотографии во нејзиниот дом, а нејзиниот сопруг ја сними додека ја држи тортата во рацете.
Облечена во тесен фустан во портокалова нијанса, Јелена блескаше од среќа, а на една од фотографиите се гледа и нејзиниот наследник како ја бакнува во образот, додека гордиот татко ги снимаше.
Инстаграм/ Јелена Спасиќ
„Благодарам на сите за убавите желби и честитки, да се враќа со убаво“, им се заблагодари водителката на сите што и го честитаа и дополнително и го разубавија овој посебен ден во нејзиниот живот.
Потсетуваме, Јелена Спасиќ (моминско Богојевиќ) на пошироката јавност најмногу и стана позната по емисијата „Фчерашни“. Позната е и како манекенка, а како малечка глумеше и во култната детска серија „Нашето маало“ каде ја играше малата Матеа.
Инстаграм/ Јелена Спасиќ
Таа веќе долго време ја води емисијата Магазин која се емитува на телевизија Сител и во која досега сме гледале бројни наши познати.
Инстаграм/ Јелена Спасиќ
Во јули 2022 година се оствари и во улога на мајка и го роди синот Немања, неколку недели претходно беше и свадбата.
Инстаграм/ Јелена Спасиќ
И благодарение на тоа што порано се занимаваше со манекенство, Јелена за брзо време по бременоста повторно се врати во беспрекорна форма, а како изгледаше и како невеста, потсетете се тука.