Огласи
Наши ѕвезди

Голема прослава во домот на нашиот познат пејач – пристигнуваат честитки, Спасен никогаш посреќен

Голема прослава во домот на познатиот пејач

advertisement
advert

Најубавата роденденска честитка ја доби од сопругата

Беше весело во домот на Спасен Сиљаноски, а тој секако беше најсреќен бидејќи ова беше посебен ден за него.

Имено, Спасен го прослави својот роденден заедно со најблиските, а најубава честитка доби од својата сакана сопруга.

реклама

„Среќен роденден маженце мое да си ни жив и здрав, секогаш среќен и успешен, те сакаме“, напиша Ана, а Спасен пораката заедно со заедничката фотографија ја сподели на Фејсбук.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

На фотографијата е целото семејство на Спасен, па следуваа и бројни честитки од оние што го следат на социјалните мрежи.

Марpкетинг

Пејачот и во текот на денешниот ден доби бројни честитки, а откри и каков подарок добил од саканата сопруга.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Имено, тој се сликаше со три девојки облечени од глава до пети во облека од познат бренд за пиво, па напиша:

„И повторно роденденско изненадување од сопругата 😁 ( јас се плашев дека ќе ми поклони книга🙄)“ напиша Спасен во шега.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Потсетуваме, сопругата го изненади Спасен и минатата година со пивце, а Спасен и тогаш во шега напиша дека го изненадила со најубавиот роденденски подарок (види тука), само што не знаел дали да го „мавне“ или да го чува за подарок. Искрено се надеваме дека Спасен оваа дилема ја решил, и тоа по брза постапка, така што оваа година нема премногу да му ја мисли што да прави со подарокот.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Инаку, Спасен и Ана се веќе осум години во брак, а круна на нивната голема љубов се нивните две деца, Арсениј и Мила.

Тој по потекло е од Пополжани, Кичевско, место кое и денес често го посетува со своите деца и сопругата и секогаш тоа го прави со задоволство. И како што самиот откри во една пригода за Гламур магазин, најубаво му е кога шета низ својот роден крај, каде што секогаш се почни со позитивна енергија, а често ги посетува и православните храмови како манастирот Св. Причеста кој е неговиот духовен дом, исто како и Бигорскиот манастир каде Спасен исто така многу често доаѓа.

epp

Бонус галерија

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Спасен во својот роден крај

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

epp2
Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button