Голема прослава во домот на Гавазова – пејачката со емотивни зборови за својата мајка (фото)
Пејачката сподели емотивна фотографија од својата мајка, имаше посебна причина да го направи тоа

Пејачката на својот Инстаграм профил овој пат сподели посебна фотографија, а за тоа имаше посебна причина.
Познатата фолк-пејачка Сузана Гавазова по турнејата во Америка е во посета на една од најубавите светски дестинации за одмор.
Имено, Сузана заедно со сопругот и нивните ќерки Емили и Селена веќе неколку дена си ги полнат батериите во Мексико.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
И во морето фотографии на кои пејачката позираше во своите омилени костими за капење откривајќи како ужива во одморот, следуваше и една посебна фотографија на коа се нејзините родители.
Пејачката на овој начин сакаше да и го честита роденденот на својата мајка која денес го слави својот 72 роденден.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
„Среќен роденден мајко моја! Да си ми жива и здрава, те сакам“ напиша пејачката на фотографијата што ја сподели.
Потсетуваме, Гавазова и минатата година ги изненади сите со начинот на кој и го честиташе роденденот на својата мајка.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Но таа тогаш тукушто беше вратена од Дубаи, па во нејзиниот дом се снимаа сите облечени како шеици и султанки.
И нејзината мајка тогаш носеше марама на главата, но и традиционална облека што ја носат жените во Дубаи, а како изгледаше и оваа луда забава во семејниот дом на пејачката, потсетете се во продолжение…