Голема исповед на Стојне – за колегите од естрадата и понудите за брак, за најболната загуба во животот
Кафе муабети со Стојне Николова
Новата емисија Кафе муабети во која гостинка ќе ни биде Стојне Николова може да ја гледате вечерва, во 21.00 часот.
Македонската фолк-пејачка Стојне Николова ќе биде гостинка во нашата нова емисија „Кафе муабети“ која премиерно ќе ја емитуваме вечерва, во 21.00 часот, на нашиот Јутуб канал (види тука).
Со Стојне отворено зборувавме за многу животни ситуации и предизвици со кои се соочила во текот на својата 15 годишна кариера, но откриваме и интересни детали од нејзиниот приватен живот.
Инстаграм/ Стојне Николова
Нашата водителка Виолета П. Периќ не ја пропушти можноста да ја запраша дали има нешто ново и на љубовен план во нејзиниот живот, а во еден дел од емисијата пејачката зборуваше и за една болна тема од нејзиното детство – прераното заминување на нејзиниот татко со кого Николова беше мошне поврзана.
Познатата фолк-пејачка за прв пат отворено зборуваше и за еден проблематичен период од нејзиниот живот, кога се соочуваше со анксиозност, но и за тоа како се справува со негативни коментари на социјалните мрежи и дали истите ја погодуваат. И сето ова само со една цел, а тоа е преку нејзиниот пример да им помогне на сите оние што некогаш се нашле во иста или слична ситуација.
Инстаграм/ Стојне Николова
Емисијата може да ја гледате вечерва, во 21.00 часот, нашиот канал на Јутуб, а истата беше снимена во едно интересно скопско кафуле.
Кликнете тука и заследете го нашиот Јутуб канал како меѓу првите би биле известени за сите новости, додека емисијата со Стојне ќе може да ја погледнете и во видеото на почетокот од овој текст.