Наши ѕвездиНовости

Голема Гранд ѕвезда преминува во „Пинкови ѕвезди“?! Неверојатни промени, еве што ќе се случува

Оваа есен ќе гледаме уште едно музичко шоу

Advertisement

Ново шоу, нови предизвици

Оваа есен покрај „Ѕвездите на Гранд“ започнува и шоуто „Пинк ѕвезди“ кое ќе се емитува на „розовата“ телевизија.

Advertisement

Многумина веќе шпекулираат кој од познатите пејачи би можел да се најде во „новото“ шоу во улога на жири, а во моментов единствениот член за кој веќе е потврдено е контроверзниот изведувач Драгомир Деспиќ, познат како Десингерица, кој неодамна потпиша договор со сопственикот на Пинк, Жељко Митровиќ.

Принтскрин/ Инстаграм

Покрај контроверзниот репер кој веќе потпиша договор, како што пренесуваат српските медиуми во улога на жири на „Пинк“ ќе се најдат и две многу големи балкански ѕвезди – тоа се пејачките Зорица Брунцлик и Теа Таировиќ, пишува српскиот Телеграф.

Advertisement

Зорица која порано ја гледавме и во „Ѕвездите на Гранд“ наскоро наводно ќе ја гледаме и на добро познатите црвени фотелји.

Принтскрин/ Инстаграм

Таа е една од најпознатите пејачки од просторите на поранешна Југославија и се уште е мошне позната во целиот регион.

Од друга страна Теа Таировиќ својата кариера ја започна токму во „Ѕвездите на Гранд“, па ќе биде мошне интересно да ја гледаме и во ова улога, како им помага на младите пејачи да станат ѕвезди.

Принтскрин/ Инстаграм

Таа во моментот важи за една од најбараните пејачки на Балканот, а според многумина нејзиното време допрва доаѓа.

Што се однесува пак до контроверзниот репер Драгомир Деспиќ (32), попознат како Десингерица, тој во јавноста е познат како голем шоумен.

Моментално важи за еден од омилените изведувачи кај помладата публика и во него гледачите можат да очекуваат само спектакли.

„Во оваа сезона ќе имаме големи изненадувања. Пинковите ѕвезди ги работиме со максимален капацитет. Можам да откријам и еден член на жирито кои ќе биде изненадување на сите, а тоа е Десингерица, така што имаме и жири кое е комбинирано. Затоа што и самиот проект е комбиниран во смисла на музика, така што ќе имаме и поп музика и народна музика, и сите оние што мислат да пеат не треба добро да пеат, треба само да мислат дека добро пеат“ изјави неодамна Жељко Митровиќ, па го додаде и следново:

„Можат да се пријават сите оние од 14 до 114 години. Намерно го зборувам ова затоа што сите три популации и сите видови на музика ќе бидат вклучени“, порача за медиумите првиот човек на розовата телевизија.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Потсетуваме, деновиве е откриено и која позната пејачка ќе дојде на местото на Марија Шерифовиќ во „Ѕвездите на Гранд“.

И оваа информација беше големо изненадување за гледачите, а за кој станува збор, откријте тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button