NEWSВестиЦрна хроника

Голема чистка на улиците: МВР уапси 100 нарко-дилери

Advertisement

Во рамки на тековните оперативни активности од областа на сузбивање недозволена трговија со дрога, полициски службеници од различни полициски организациски единици во текот на септември, во повеќе различни случаи, лишиле од слобода над 100 лица, меѓу кои и неколку малолетници, кои поседувале наркотични средства.

Како што соопшти МВР, при извршени лични прегледи и прегледи на возила, кај нив биле откриени и запленети поголема количина марихуана, бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, кафена прашкаста материја, МДМА таблети, амфетамин, хероин, дробилки.

Advertisement

-Исто така, врз основа на извршени претреси во текот на изминатиот месец, покрај откривањето и заплената на одредени количини марихуана, кокаин, хашиш, амфетамин и дробилки, во околу десет различни случаи беа лишени од слобода и беа поднесени кривични пријави против повеќе од 15 лица како осомничени за сторено кривично дело по член 215 од КЗ на РСМ, информира Министерството за внатешни работи.

МВР посочува и дека на Граничниот премин „Табановце“ во септември при влез во земјава, во неколку одвоени случаи, кај српски, унгарски, австриски и белгиски државјани, исто така биле откриени кокаин, амфетамин и марихуана.

-Исто така, во текот на септември на регионалниот пат Битола – Прилеп полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, СВР Битола и САЕ Тигар од Бирото за јавна безбедност при МВР, во рамки на засилените активности во борбата против недозволена трговија со дрога, спречија транспорт на околу 35 килограми марихуана, соопшти МВР.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button