Голем скандал на концертот на Аца Лукас во Кавадарци – полицијата го уапси фолкерот, испливаа снимки
Објавени и неколку снимки од настанот...

Настапот на познатиот фолк-пејач Аца Лукас во Кавадарци нешто по полноќ бил прекинат од страна на полицијата.
Како што пренесуваат српските медиуми, пејачот од сцената бил симнат од страна на полициските службеници и бил однесен во полицијата. На социјалните мрежи се споделуваат и видео снимки како Лукас го носат надвор од локалот во кој се одржуваше концертот.
Тој се обидува нешто да им објасни, но на крај заврши во полициска станица, по што се огласи неговиот менаџер, Саша Мирковиќ.

Принтскрин/ Фејсбук, Хајп
Мирковиќ, инаку сопственик на телевизија „Хајп“, се огласи на социјалните мрежи и за скандалот го обвини премиерот Христијан Мицковски. Според неговото тврдење, Лукас бил уапсен по наредба на нашиот премиер (?), но Мирковиќ е познат по своите контроверзни изјави.
Тој се огласи во доцните вечерни часови, а за денес закажа прес-конференција на која ќе откријат повеќе детали.

Принтскрин/ ТикТок
На мене ова ништо не ми е јасно. Ама Лукас е навикнат на тоа, ќе отспие на тие штици, па утре кога ќе се разбудиме ќе закажеме прес-конференција за медиумите, да објасниме со кој е во врска секој од нив во владата и што се им се прави на граѓаните на Македонија. За Лукас голема поддршка. Издржи, Ацо! Народот е со тебе и не грижи се. Те сака твојот брат. Сега одам да спијам, утре да бидам посвеж“, изјави менаџерот на познатиот пејач.
@hypetvportal.rs ACA LUKAS U KAVADARCIMA PRIREDIO NEZABORABORAVNU NOĆ @ACA LUKAS #macedonia #hypemk
Официјалните детали за настанот се очекуваат во тек на денот, како и прес-конференцијата на менаџерот на пејачот.
@hypetvportal.rs FANOVI ACE LUKASA ISPRED POLICIJSKE STANICE! Besni zbog hapšenja NAJVEĆE BALKANSKE ZVEZDE!
Потсетуваме, во текот на летото во Охрид беше уапсен и српскиот репер Раста, но тој тогаш беше фатен со наркотици.
Против него беше поднесена кривична пријава и како странец веднаш беше изнесен пред надлежниот суд, каде по кратка постапка од страна на судските органи беше утврдено дека нема основи за кривично гонење.
На пејачот откако еден ден помина во притвор му беа вратени патните исправи, по што тој ја напушти земјата без ограничување.
Кај Раста беше пронајдена марихуана
Како што откри тогаш портпаролот на охридската полиција, Стефан Димоски, кај реперот беше пронајдена марихуана. .
На 03.08.2025 година во 00:10 часот, на спортскиот стадион во Охрид, полициски службеници на Криминалистичката полиција на Секторот за внатрешни работи во Охрид го лишија од слобода С.Ѓ. (36) од Белград, Република Србија, од кого при претрес беше пронајдена и запленета наркотичната дрога марихуана. Осомничениот е задржан во полициската станица, а по комплетирањето на документацијата, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – беше наведено тогаш во соопштението што српскиот Телеграф го доби од г-дин Стефан Димоски, портпарол на охридската полиција.
@aleksandar_doncev #acalukas #switzerland @ACA LUKAS #makedonija #srbija #balkan



