Реклама
Хороскоп

ГОЛЕМ МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА МАЈ, 2016: Дознајте дали љубовта и среќата ви се на дофат

Реклама

 

 

ЛАВ (21 јули – 21 август)

Маркетинг

 

Маркетинг

Во мај ќе очекувате важен настан во животот на дете, внук или животна промена во нивните животи. Значајни промени може да се случат во врска со судски случај поврзан со млада личност или дете од семејството. Ќе бидете загрижени за здравјето на роднина и различни грижи околу истото. Проблемите најверојатно ќе влијаат врз некој во знакот на Овен, Лав или Стрелец. Ќе има потреба од различни промени, преселби, ситни поправки и доградби. Ќе има решавање на законски права или обврски поврзани со имот. Ќе имате контакт со лице во знакот на Водолија, Вага или Близнаци кое живее далеку од вас, а коешто ќе ве држи ’под напон’ поради неговата двосмислена природа и цел. Ќе изгубите мала сума пари или ќе потрошите пари на лажни ветувања за добротворни цели и слично. Бидете внимателни за што давате пари за да не си направите непотребни проблеми. Финансиски успех ќе се случи, што може да дојде на изненадувачки мистериозни начини.

ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)

 

Во мај, може да се радувате поради очекувани или неочекувани пари, што ќе дојдат главно од машко лице: роднина, менаџер, бизнис партнер и друго. Мажите-Девица над 35 години ќе имаат успех во финансиска смисла; што се однесува до вашите заработувачки, не се очекуваат изненадувања. Успехот ќе биде повеќе во однос на претходни приходи или прилив од наследство. Мaј може да донесе емоции и хармонија во односите меѓу младите (брачни) парови. Дури и ако сте сами сега, ќе најдете дека е тешко да одолеете на искушението да имате нова љубов, афера или врска. Средби од особено значење ќе се случат во вашиот живот. Неочекувани здравствени проблеми или можеби лични или професионални проблеми на некој од семејството ќе внесат паника некое време. Ќе биде тешко да избегате од конфликт што долго се развива. Овој пат тој дури и може да ве испровоцира да кажете сè што мислите. За жал, на крајот ќе имате повеќе негативни емоции отколку на почетокот. Веројатно ќе треба да подготвите и организирате важни документи во врска со судска/правна институција, нотар и слично.

ВАГА (23 септември – 22 октомври)

 

Информациите или сугестиите што ќе ги добиете овој месец ќе ве натераат сериозно да размислите за одлуката што треба да ја донесете. Работите се сериозни, одговорни и не треба да делувате импулсивно. Жените- Вага ќе бидат во можност да уживаат во среќа поврзана со некое стекнување или купување. Вагите ќе бидат пријатно изненадени со подарок, добивка или друг вид материјален успех благодарение на блиска жена: мајка, баба, сестра, сопруга. Ќе има потреба од поправка, доградба или измена поврзана со имот или вашиот дом. Може да добиете идеја или работа дома, којашто ќе дојде преку машко лице во знакот на Риби, Рак или Шкорпија. Интересни настани во љубовта може да очекуваат мажите-Вага над 35 години. Оние во брак ќе треба многу сериозно да размислат пред да се впуштат во еднодневна авантура! Лоши вести поврзани со девојка или жена. Проблеми поврзани со нечие здравје и неподготвеноста да се лекува, да ги следи препораките на докторот или да се усогласи со одредена шема. Ако имате проблеми во семејството, нема да ги најдете решенијата во мај. Напротив, работите може да станат уште посложени и тешки за да се најде помирување.

ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)

 

Мај ќе ви ја донесе многу потребната јасност во врска со афера со личност веројатно во знакот на Бик, Девица или Јарец. Постои можност за ново познанство, коешто ќе предизвика преиспитување на една стара, веќе скршена љубовна врска. Може да ве изненади вест за веридба или свадба на посебен ден или празник. Причина за радост може да биде некој настан или активност во ваша корист од лице во знакот на Риби, Шкорпија или Рак. Ќе има важен собир, чија причина ќе биде машка блиска роднина или пријател. Maј нема да биде најдобро време за работа за мажите-Шкорпија или ќе треба да вршите дополнителна работа, во време непријатно за вас. Необична или непредвидена ситуација може да се случи којашто ќе наложи промена во работниот распоред. Домашни проблеми или проблеми поврзани со имот може да ги задолжат жените-Шкорпии. Во повеќето случаи, тоа ќе биде поради грешка, злоба, неисполнета обврска или ветување од друго лице. Жените-Шкорпија  треба да внимаваат на и-меил пораките. Една мала грешка може ненамерно да создаде непријатна ситуација. Во текот на мај Шкорпиите ќе имаат добар приход. Добивки во кеш се она што очекувате, но ќе имате и дополнителна можност за прилив во семејниот буџет. 

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2 3Следна страница

Поврзано

Back to top button