ГОЛЕМ МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА МАЈ, 2016: Дознајте дали љубовта и среќата ви се на дофат
Дознајте дали овој месец ќе ви донесе пресвртна промена во животот, успех во љубовта и финансиите.
Софија Лорен и Марчело Матројани во филмот „Брак на италијански начин“, на Виторио де Сика, 1964. „Марчело е човек кој мисли како маж, зборува како маж – тој е маж! Поседува голем магнетизам, го вади најдоброто од душата на една жена“ – изјавила Софија Лорен
ОВЕН (21 март – 20 април)
Мај ќе ви донесе важен семеен или финансиски успех, можеби просперитет. Овие нешта се донекаде поврзани со дејствија или заштита од машко лице, веројатно роднина или на висока општествена или професионална позиција. Заборавете на конфликти овој месец, без разлика колку сте лути некому. Зад навидум добро лице може да се крие многу зајадлива или осветољубива личност. Ова е особено точно за луѓе што не ги познавате добро или пак оние на кои ќе „налетате“ овој месец. Мај ќе биде емотивно нестабилен. Може лесно да паднете во депресија и несигурност, или да ги интерпретирате акциите на другите во сосема погрешна насока. Може ќе страдате од нечија измама, лицемерство, неискреност. Но, љубовта, како и секогаш, ќе донесе свежо ветре во вашиот живот, на еден или друг начин. Ќе ве фалат за нешто, ќе добиете важни комплименти, ветувања или предлози. Во некои случаи дури и ќе донесете одлуки и ќе преземете промени поврзани со брачниот статус. За вашето здравје или здравјето на некој близок ќе треба да консултирате со лекар за терапија или третман. Избегнувајте да позајмувате ваши или вие да користите туѓи предмети, особено ако се скапи (како автомобил) или предмети премногу вредни за вас, од лично значење.
БИК (21 април – 20 мај)
Мај ќе донесе динамични настани во животот на Биковите, најчесто поврзани со различни состаноци и собири, како во вашиот дом, така и во домот на роднини/пријатели поради пријатни или важни поводи. Поволен развој на домашен или станбен проблем. На работа, очекувајте посебно внимание или предлог, разговор со жена која ќе биде ваша колешка, менаџер или клиент. Дополнителен приход од работа или институција може да очекуваат жените-Бик над 35 години. Разделба со некој кој ќе патува далеку или ќе се пресели да живее/работи во друго место или земја. Неочекувани пари во семејството, ама и неочекуван настан поврзан со веридба/свадба. Внимавајте на своето или на здравјето на најблиските, што може да биде проблематично или да се влоши во најлошо време. Каков и да е проблемот, здравјето и опоравувањето треба да бидат приоритет. Ќе бидете во можност да усогласите за вас важна лична или професионална врска со машко лице. Можно е да добиете помош или поддршка од такво лице во решавање на комплексен проблем.
БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)
Во мај, плановите, очекувањата и ветувањата за жените-Близначки ќе се развиваат бавно. Но, ќе има добри причини за тоа. Претстојат трошоци поврзани со идно патување. Бидете внимателни со парите што ги испраќате или очекувате да ги добиете од далечина. Избегнете небезбеден начин за трансфер на пари; вмешување на несигурна или непознати лица е небезбедно. Ќе имате ненадејна добра среќа или шанса која не само што ќе ве изненади, туку ќе ве натера сериозно да сфатите колку е добро тоа што ви се дава или што ви се случува. Жените-Близначки може да имаат проблеми со документи или со важни информации коишто ќе бидат изгубени или ќе станат несакано внимание на други луѓе. Добри вести и настани и за оние кои очекуваат дете или внуче. Во мај, разни важни и поволни настани ќе се развиваат во вашиот дом или ќе се однесуваат на живеалиште или друг имот.
РАК (21 јуни – 20 јули)
Во мај, ве чека важна улога во пријателство со млада жена во знакот на Близнаци, Вага, Водолија. Ново пријателство за жените-Рак, коешто сепак ќе се судри со лице кое има сложен и избувлив карактер. Ќе очекувате одредена сума пари којашто ќе биде сосема различна од онаа што ќе ја добиете. Ситуацијата тешко дека укажува на спор или конфликт. Можно разочарување од поголеми и, веројатно, нереални очекувања. Среќен настан поврзан со момче или млад човек во знакот на Рак, Риби или Шкорпија. Радосна вест или очекуван предлог за мажите-Рак. Нови позитивни потфати или промени. Успех за жените над 35. Неповолен месец за правни и судски прашања. Можно одложување или друг негативен развој за вас во оваа фаза. Ќе очекувате и ќе следите колку далеку може да стигнат напорите на лице поврзани со домот или со вашето семејство на некој начин. Свесни сте за лагите и лицемерието, но досега од различни причини ќе бидете само набљудувачи.
Премини на следната страна >>