ГОЛЕМ МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА ЈУЛИ, 2016: Еден знак ќе добие пари од игрите на среќа, а за друг околностите ќе бидат поповолни. Што ве чека вас?
СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)
Во јули, ќе имате многу средби и контакти со најблиските. Ова ќе биде поволен месец за развој на љубовни и семејни врски и односи. Ќе има собирања за пријатен повод од семејни причини. Некои од вас ќе очекуваат нова романтична средба која ќе има потенцијал за раст. Младите жени-Стрелец ќе имаат моменти на тага или разочарување, како резултат од преголеми очекувања за еден или друг настан. Може да имате тешки моменти или сложени односи со девојка или млада жена од вашата непосредна околина. Очекувајте вести, покана или предлог кои ќе ви дадат голема надеж за нешто што треба да се случи до крајот на годината. Во животот, генерално, ќе имате активности кои ќе бидат за ваше добро со луѓе во знакот на Риби, Шкорпија, Рак. Претстои конфликт со млад човек кој ќе се обиде да ве убеди по секоја цена во исправноста или успехот на негова желба, иницијатива, или деловен потфат. За младите Стрелци, јули ќе биде исполнет со повеќе конфликти или противречности, но ќе биде важен и успешен месец за вас. Ќе има поволно решавање на семеен проблем или проблем со некој имот. Жените-Стрелец над 35-годишна возраст ги чека нови деловни и лични познанства, што ќе играат важна улога и во наредните месеци до крајот на годината.
ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)
Ако планирате патување во јули, за кое ви треба помош од машко лице, бидете подготвени за секакви изненадувања. Можно е да бидете разочарани, измамени, или да имате премногу високи очекувања. Ова е неповолен месец за патување за мажите-Јарец над 35 години. Изненадувањето овој месец ќе се однесува на деца, раѓање принова, неочекуван настан поврзан со дете и слично. Во некои случаи, може да бидете изненадени од пари од/за дете или од профит на некој начин поврзан со дете. Тензијата во семејните врски може да се влоши и да доведе до прекин или разделба (особено за некои брачни двојки). Не дозволувајте надворешно мешање од која било форма во вашите лични односи. Ако мора да бидете остри, силни, па дури и груби, бидете такви, но чувајте го она што ви е важно. Можни семејни проблеми поврзани со лица во знакот на Овен, Лав или Стрелец. На работа, може да доживеете разделба од колега, клиент или деловен партнер. Чувајте ги важните предмети на работното место: документи, официјална пошта и друго кои би можеле да бидат од интерес за некој друг околу вас. Може да бидете далеку од дома одредено време, поради посета на роднини, деловни патувања… Ќе имате интересни контакти со роднини кои живеат далеку, најверојатно тие се во знакот на Близнаци, Вага и Водолија.
ХОРОСКОПОТ ВО ПРАКСА: Дознајте кои знаци се добри, а кои лоши возачи
ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)
Јули може да биде критичен месец за љубовни врски за Водолиите. Тензијата потисната до сега во името на добри манири ќе ескалира повторно. Конфликтите се непредвидливи и може да доведат до привремена или трајна разделба. Порамнување на финансиски односи ќе се реализира со машко лице во знакот на Бик, Девица или Јарец. Може да добиете или да дадете пари на таква личност. Ве чека покачување на платата или другите месечни примања. Се надевате на нешто од вашиот разговор со жена која не живее со вас под ист покрив. Жените-Водолија може ќе се откажат од една идеја, поради свесноста дека не ќе можат да ја реализираат. Ќе чекате трпеливо за развој на некоја измама или интрига против вас. Иако е доста емотивен и болен, вие сте свесни дека еден директен конфликт нема да биде во ваша корист. Ќе дозволите работите да си го најде своето решение затоа што верувате во универзалните закони на вистината. Иако јули е емотивен, непредвидлив и комплициран месец, на финансиски план работите ќе изгледаат многу подобро. Дури е и многу веројатно дека ќе имате неочекуван профит. Неочекувани промени во работата ќе бидат важни за вас или ќе влијаат врз вас директно.
РИБИ (20 февруари – 20 март)
Во јули, Рибите ќе имаат средби и разговори, интервју за работа или презентација поврзани со можност за нова работа или нова позиција во канцеларија. Настаните ќе се развиваат бавно од разни околности. Можно е вашиот успех во голема мера да зависи од лице во знакот на Риби, Рак или Шкорпија. Наскоро очекувајте пари за вашиот дом, кои, најверојатно, ќе ги добиете преку женско лице, без разлика какви односи имате со неа. Жените-Риби ќе очекуваат подобри приходи во семејниот буџет во јули. Можен е конфликт со ќерка или внука, но нема да ви биде дозволено да наметнувате ваши ставови. Младите жени-Риби ќе доживеат конфликт со некој во врска со нивното дете. Очекувајте успех поврзан со неочекувана шанса или среќа во врска со младо машко лице од вашето семејство. Ќе се појави машко лице во вашиот живот во тешко време овој месец, кое ќе ви помогне со нешто или ќе ви даде соодветен совет. Тоа може да биде некој што веќе го знаете. Ќе доживеете разочарување, бидејќи сте се надевале да добиете одредена сума пари. Ова може да е поврзано со пари што се украдени, или некако земени од вас или сте ги позајмиле некому. Или се тоа пари што сте ги заработиле со ваш труд, но не ви биле исплатени досега. Здравствени проблеми можат да се појават кај машко лице што ви е блиско. но ќе бидат безбедно решени.
Големиот хороскоп за цела 2016 година ве чека овде, а за најсреќните денови во 2016 година за секој знак, кликнете тука.
Илустрации: Aestheticsillustrated.blogspot.mk»