Реклама
Хороскоп

ГОЛЕМ МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА АВГУСТ, 2016: Девиците ќе променат нешто во животот, Рибите ќе добијат пари…

Реклама

ВАГА (23 септември – 22 октомври)

Во август ќе се вклучите во интересни бизниси или деловна средба со жена во знакот на Близнаци, Водолија или Вага. Ќе добиете интересен предлог, информации, идеи, заштита како резултат на тоа. Генерално, присуството на жените во вашиот професионален живот во август ќе се почувствува без оглед на вашите сексуални околности. Ќе треба да имате машки, цврст и непопустлив став кон некој кој нема симпатии за вас. Во спор или конфликт, нешта ќе бидат кажани што ќе постават вашата врска врз нова основа. Во повеќето случаи, убава… Мислите на стара љубов ќе ве потсетат на старите времиња заедно. Може да се сретнете неочекувано или некој ќе ви каже новости за оваа личност. Може да се најдете во благ флерт за време на состанокот, но вие веќе сте го доживеале ова, нели? Водете посебна сметка овој месец за семејниот буџет и вашите лични финансии и сè што има некаква врска со пари. Пазете се од измама, фантазирање, ветувања. Ова е особено точно во односите со лица во знакот на Овен, Лав или Стрелец. Радоста во вашиот дом е поврзана со очекуван настан или собирање. Гости ќе ви дојдат дома или нови станари во соседството. Проблеми ќе искрснат за здравјето на машко лице над 35 години кое ќе покаже тврдоглавост или страв од потребното лекување или испитување.

Маркетинг

ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)

Маркетинг

Пред вас е месец на специјални односи и заеднички акции со лица во знакот на Бик, Девица или Јарец. Жени родени во овие знаци ќе му помогнат на некој начин на млад човек од семејството или тие ќе бидат важен фактор во неговиот живот. Ќе има собирања за различни пригоди, но, главно, ќе се однесуваат на родендени, имендени, успеси во образованието… Може да очекувате важни настани поврзани со татко, дедо, чичко, постар брат или зет што ќе резултираат со собирање на семејството. Свршувачка или свадба поврзана со машко лице. Можни проблеми со дете или внук. Непријатен разговор со млад човек кој не ја разбира комплексноста на животот и сегашната ситуација. Очекувајте проверка, промена или некој друг настан во вашата работа, коишто може да ве вклучат вас и колега или менаџер. Што и da се случува на работа или во вашиот бизнис, не е изненадување. Вести или телефонски разговор може да ве вознемират и некако да го оправдаат гневот против некого што вие имате намера да го обвините за оваа ситуација. Подобро е, сепак, да се размислите рационално, бидејќи секогаш постои одредена вина на двете страни. Можеби тоа е поврзано со неисполнето ветување или некоја надеж. Загрижени сте за средба или разговор со лице во знакот на Риби, Шкорпија и Рак, што ќе биде важно за вашата иднина. Позитивни резултати доколку имате било каква судска или правна врска со тоа лице.

ИНДИЈАНСКИОТ ХОРОСКОП ЈА ОТКРИВА ВАШАТА ВИСТИНСКА ПРИРОДА: Во што сте најдобри, а каде се сопнувате

СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)

Овој месец, настани или активности кон вас од машко лице кое може да е роднина, пријател или шеф, може пријатно да ве изненадат. Ќе добиете предлог, помош, некој ќе ве изненади со гест или благодарност за работата што сте ја направиле. Особено плоден месец за мажите-Стрелец над 35 години, кои ќе одржуваат добра физичка и емоционална форма и нема да пропуштите ниту една можност за чекор напред. Изненадување на работа/вашиот бизнис или предлог за нова работа ќе дојде од лице во знакот на Шкорпија, Рак или Риби. Причина за радост ќе биде дете или внук, млад човек од семејството. Ќе организирате посебна прослава. Губење или незгода во домаќинството или од имотен карактер кај ваши пријатели или соседи. Нешто што не може да се врати, реновира. Грижа или настани поврзани со наследување на имот/предмети. Во август може да очекувате ненадејна посета од лица загрижени од настан или семејна драма во нивните животи. Им треба помош, иако се чувствуваат непријатно да ве замолат за тоа. Ако имате било какви посебни очекувања за овој месец во врска со патување, би било подобро да не очекувате и да не се надевате премногу. Ќе има промена која ќе биде различна за секој од вас. Секако, работите ќе бидат различни од она што сте го имале како идеја.

ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)

Во август, многумина од вас ќе реализираат претходно планирано патување поврзано со женско лице или заедно со жена. Жените-Јаред над 35 ќе имаат поволно време на патување поврзани со преселба. Важни контакт со женско лице од друго место/земја во знакот на Риби, Рак или Шкорпија. Постои опасност од кражба од вашиот дом или домот на соседите. Непријатен месец за решавање на станбеното прашање. Добри вести со бременост, раѓање принова. Настан или вести поврзани со веридба или венчавка. Обелоденување на настани од минатото, во кое имало многу измами или манипулации што ви предизвикале солзи, болка и разочарување. Добри вести, покана или предлог ќе добиете од машко лице во знакот на Водолија, Вага или Близнаци. Можно е ново романтично познанство со лице од овие знаци. Во вашиот живот ќе се појави ново лице во знакот на Овен, Лав или Стрелец, кое допрва треба да направи промени во вашиот личен, професионален или друштвен живот. Оваа фаза е само почеток и не мора да е поврзана само со блиска пријателска врска.

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП: Откријте каде вашиот знак ќе ја запознае сродната душа

ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)

Овој месец ќе имате многу контакти со лица од семејството кои живеат далеку од вас. Понекогаш ќе искрснат ситуации што ќе бидат поврзани со одложена или неразбрана важна информација. Финансиски врски со лице во знакот на Вага, Водолија или Близнаци, кое живее во друг град. Можете да очекувате пари или финансискиот документ, но и вие може да испратите пари. Проблеми со девојка или млада жена во знакот на Рак, Шкорпија или Риби. Можно е, сепак, да се заземете за конкретна поддршка на жена во овие знаци за да помогнете таа да се справи со своите проблеми. Неочекувани здравствени проблеми поврзани со ваша стара болест повторно ќе ве потсетат на недовршено лекување, неправилен начинот на живот… Загуба која ќе ве снајде ненадејно ќе внесе забуна во вашите планови, идеи. Среќен настан поврзан со раѓање на машко бебе или друг повод за славење поврзан со момче, млад човек од вашата околина. Август ќе биде пресвртница за 2016 година, затворајќи еден дел од годината и пред вас се неколку месеци да ги реализирате нештата што не сте ги завршиле досега од различни причини. Сега е време да преземете поексплицитни одлуки и акции.

РИБИ (20 февруари – 20 март)

Во август ќе бидете во можност да заработите и обезбедите подобар приход, или барем да одржите стабилен семеен буџет. Добивање пари од девојка или млада жена. Вие или некој од роднините ќе бидете вклучени со судски постапки или правен случај и тоа ќе биде тема на разговори, договори, состаноци или посети. Важен собир или посета во вашиот дом. За некои Риби можна е преселба во нов дом, стан. Лоши вести за дете или бременост поврзани со пријател/роднина. Август ќе ви наложи некоја рутина за нега на вашето здравје, посета на стоматолог и слично. Ќе го следите и ќе се грижите за здравјето на некој пријател или роднина во знакот на Овен, Лав или Стрелец. Добрите вести овој месец се поврзани со работата или бизнисот. Можно е да добиете добра понуда, унапредување, трансфер, промена во платата, нови клиенти или бизнис партнери. Овој месец ќе патувате или ќе средувате документи, плаќања поврзани со претстојно патување. Можно е да организирате патување за важен документ или проблем или ситуација поврзана, главно, за добивање пари. Веројатност за добивање пари од друго место/земја.

Големиот хороскоп за цела 2016 година ве чека овде, а за љубовниот хороскоп за авгут, кликнете тука.

Илустрации: Aestheticsillustrated.blogspot.mk»

© Сите права задржани. Ниту еден дел, текст или фотографија не смее да се репродуцира или дистрибуира, на било кој начин и на било кој јазик, без претходна согласност од редакцијата на Stipka

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2

Поврзано

Back to top button