ГОЛЕМ МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА АВГУСТ, 2016: Девиците ќе променат нешто во животот, Рибите ќе добијат пари…
Дознајте што ви претскажуваат ѕвездите за вашиот љубовен живот, семејството, финансиите овој месец
Селма Хаек (родена на 2 септември 1966, хороскопски знак Девица), глумица и продуцент, рекла: „Животот е тежок, но ако имате способност да се смеете на тоа, ќе имате способност и да уживате во него.“
ОВЕН (21 март – 20 април)
Во август ви претстојат моменти на сериозно размислување и донесување одредени одлуки. Пред сè, овие одлуки ќе имаат врска со вашето семејство и, во оваа смисла, никој не треба да дејствуваа сам. Сторете сè најдобро што можете за секого. Важни настани ќе бидат поврзани со Вага, Водолија и Близнаци. Можени се проблеми за документи или информации во врска со судски или правни постапки. Ако се вклучени во таква постапка, бидете претпазливи и сомнителни постојано. Ќе бидете изненадени во врска со некое патување. Ќе заминете неочекувано, а некој ненадејно ќе дојде во вашиот дом. Настан ќе се случи поврзан со најблиските кои се далеку од вас. Најверојатно тој има нешто со лице во знакот на Јарец, Бик или Девица. Бидете внимателни со промотивни купувања, со нешто што ви се дава како бенефит, награда или попуст. Чувајте си ги разочарувањата за себе, наместо да се лутите на други. Особено непријатна ситуација ќе се случи ако купувате подарок за некого или за важен настан. Ќе ве посетат пријатели кои се вознемирени и расплакани поради навистина непријатен инцидент или настан во нивното семејство. Ќе ве бараат да им помогнете итно. Вашата лична или романтична врска со Лав, Стрелец или Овен може да е сложена. Ова не значи дека постојат емоционални бури, туку само дека ситуацијата ќе биде поделикатна и ќе наложи повеќе такт и дипломатија од двете страни за да се надминат проблемите.
БИК (21 април – 20 мај)
Август ќе ви донесе изненадување за машко лице над 35 години. Без разлика дали сте имале претчувство или очекување дека нешто слично може да се случи, тешко е да се каже. Но, секако дека овој настан ќе влијае врз вашиот живот. Ќе има собирања со роднините. Позначајна е средбата со роднина што не сте го виделе долго време. Можно е да ве вознемират вести или телефонски повик. Проблемите за кои ќе бидете известени ќе искомплицираат некои ваши планови или очекувања. Овие настани нема да се одразат само врз вашиот живот, туку и врз животот на други ваши блиски. Ќе следите сложена ситуација во животот на пријател/и. Ќе бидете загрижени за патување или настан поврзан со лице во знакот на Бик, Девица или Јарец лице. Ова лице, веројатно, живее со вас. Ќе имате тежок разговор со Лав, Стрелец или Овен поврзан со претстојно патување. Ќе се дружите со пријатели каде што ќе бидете дел од прилика што ќе генерира позитивни емоции. Може да си размените подароци; некако, собирањето ќе биде голем плус.
Најголемиот сладок ’грев’ летово: Како НЕМУ да му приредите најдобро задоволство?
БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)
Вашите подготовки сега се за многу планови и очекувања со вашето семејство и, над сè, со ваши роднини. Ќе имате разговори, состаноци и собири за различни прилики. Ќе влезете во спор или конфликт со дете или внук/а кој живее во друг град, држава или ќе има компликации за време на патувањето што тој/таа има намера да го преземе. Идеи и планови може да се применат во нова куќа или нов дом, да се направи промена во внатрешноста, да се освежи со нов мебел и опрема. Ќе имате средба и разговор со младо лице за финансиски прашања, што ќе се одвиваат како што очекувате. Ќе ги постигнете саканите задоволителни резултати. Можно е да добие пари од млад човек. Цел август може да биде многу позитивен месец за вас во однос на финансиите, очекувањата, можностите за повисоки приходи, или за завршување на некој непријатен финансиски проблем. Внимание: бидете многу внимателни и проверете ги сите детали доколку купувате скапи предмети, автомобил, куќа или инвестициски фонд.
РАК (21 јуни – 20 јули)
Состаноци и собири се пред вас, во повеќето случаи поврзани со значајни активности или настани. Ќе разговарате за тековни настани, но исто така и ќе ковате конкретни планови за во иднина. Може да добиете покана за собирање во врска со веридба, свадба или за нечија преселба во друг град/држава. Во август ќе минете низ депресија поврзана, пред сè, со здравствена слабост што ќе се случи во најнеприкладен момент. Ќе се појават и други последователни ситуации кои ќе бидат (релативно) болни. Во овој период, ќе добиете поддршка, помош и соработка од жена над 35-годишна возраст. Нова љубовна врска или авантура може да очекуваат жените-Рак над 40-годишна возраст. Август ќе биде запаметен поради посебно успешно искуство. На еден или друг начин брачните односи, довербата помеѓу партнерите, или способноста да се потпрете еден на друг ќе бидат ставени на тест. Ќе треба да преземете поголема одговорност или да исполните одредени обврски на време. Онаму каде што долго време можеби имало различни пукнатини во врската, сега може да се појави прекин или разделба. Посебно внимание треба да обрнат оние Ракови кои имаат паралелна врска со друг партнер. Ќе имате потреба од конкретни акции и одлуки поврзани со бременост или со дете. Во овој месец секое патување, без разлика на целта и времетраењето, ќе мора да биде внимателно подготвено, анализирано и организирано. Спречете секаква веројатност за неочекувани грешки, а можните прелиминарни коментари може само да предизвикаат несакани компликации.
ЛАВ (21 јули – 21 август)
Тежок август со однос на решавање разни домашни проблеми, грижа за роднини или преселба во нова куќа/стан. Само мал дел од очекувањата ќе реализирате овој месец. Од друга страна, пак, ќе бидете емотивно поопуштени заради разјаснување на проблематични односи со дечко/девојка. Може да ве навредат или да минете низ искуство што ќе ве заболи и, сепак, тешко дека ќе најдете сила да опростите или заборавите. Можен е конфликт кој ќе излезе од контрола и ќе предизвика да се кажат доста непријатни работи. Финансиските проблеми кои искрснуваат може да се поради нечија грешка, пропуст, заборавеност и сега ќе донесат несакани проблеми со пари што очекувате да ги добиете. Ќе се наметнат неочекувани трошоци поради нечиј здравствен проблем/лекување. Во овој момент нема да бидете во можност да им помогнете на роднини/пријатели кои ќе побараат пари од вас. Многу Лавови ќе бидат подложни на промена во нивната работа – привремен ангажман, привремено да работат и други работи, итн. Без оглед на тешкотиите или тешкотиите сега, никако не помислувајте дека така ќе биде цела година. Судбината ќе се погрижи за оние работи кои не се решени досега, со цел да ви даде нови можности и повеќе радосни моменти во животот.
ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)
Во август интересни вести поврзани со момче или млад човек во семејството ќе ги ревитализираат роднинските и семејните односи. Постои можност за вести или настан поврзан со раѓање на машка принова. Некои млади машки Девици ќе добијат добра понуда за купување имот или дом. Повици, документи, споделување на наследство поврзани со машко лице или машки родител. Некои немажени жени-Девица може да започнат ново познанство со човек кој минал низ лична драма или е вдовец. Проблеми може да искрснат за оние од вас кои се вклучени во парница, особено ако другата страна е возрасна жена. Жените-Девица над 35 години ќе минат низ тежок период, но тоа ќе биде единствениот можен начин да донесете јасни одлуки или да промените нешто во вашиот живот. Трошоците во врска со дете или внук. Некои од вас ќе добијат пари токму поради дете/внуче. Неочекувана паника поврзана со непроверени вести и озборувања ќе ви покаже колку не е мудро да се реагира избрзано без да се проверат фактите. Роднина или некој близок кој е подалеку од вас ќе биде алката што недостасува во серијата настани овој месец. Можно е некој член од семејството да оди на долг пат за работа, учење или друга причина.
ХОРОСКОПОТ ВО ПРАКСА: Дознајте кои знаци се добри, а кои лоши возачи
Премини на следната страна >>